Американската фармацевтска компанија „Модерна“ најави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против Ковид-19 и сезонски грип.
-
Свет 18.01.2022 10:22
-
Свет 18.01.2022 09:43
Во Москва средба на министрите за надворешни работи на Русија и Германија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок е во Москва, на прво патување откако ја презеде функцијата во декември минатата година. Ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за размена на мислења за најитните меѓународни прашања.
-
Свет 17.01.2022 13:36
НАТО: За безбедноста нема компромис
„НАТО не прави компромиси околу принципите на европската и меѓународната безбедност “, нагласи генералниот секретар Јенс Столтенберг во интервју за Си-Би-Си. Русија останува во центарот на вниманието.
-
Свет 17.01.2022 12:22
САД: Илјадници летови откажани поради зимската бура
Авиокомпаниите откажаа повеќе од 2.700 летови во САД, поради зимската бура што го погоди југоисточниот дел. Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба.
-
Свет 17.01.2022 11:52
Северна Кореја со нови ракетни проби
Сеул соопшти дека Северна Кореја лансира две балистички ракети со краток дострел од аеродром во близина на Пјонгјанг.
Јапонската влада со исто тврдење. Токио смета дека пробите се сериозна закана за регионалните мир и стабилност.
-
Свет 17.01.2022 10:54
Грција ќе ги казнува невакцинираните над 60-годишна возраст
Невакцинираните граѓани во Грција над 60-годишна возраст ќе бидат казнети со 50 евра за јануари, односно по 100 евра за секој нареден месец.
-
Свет 17.01.2022 10:36
Столтенберг: Нема да ги повлечеме трупите од земјите кои влегоа во блокот во 1997
„НАТО никогаш нема да се согласи да ги повлече своите трупи од земјите кои се приклучија на блокот по 1997 година, бидејќи тоа ќе ги направи членки на Алијансата од втор ред“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
-
Свет 16.01.2022 17:26
Трета доза за валиден ковид- сертификат
Од викендов, третата доза од ковид-вакцината е предуслов за валиден ковид-сертификат во Франција. Брзото ширење на новата варијанта на Сарс-Ков-2 позната како „омикрон“ е тест за издржливоста на здравството.
-
Свет 14.01.2022 15:25
СЗО препорача уште два лека за коронавирусот
СЗО препорача уште два лека за третман на пациентите со ковид-19.
-
Свет 14.01.2022 13:54
Лансирање нова ракета одговор на критиките на САД
На американското предупредување за притисок за нови санкции поради неодамнешните ракетни тестови, Северна Кореја одговори со нов ракетен тест.










