Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека повторно добила дозвола од Иран за влез во погоните со центрифуги во Карач за да ги замени камерите кои биле оштетени или уништени во јунскиот напад.
-
Свет 16.12.2021 12:08
-
Свет 16.12.2021 11:15
Сирија: Војник загина во ракетен напад
Еден војник загина во ракетен напад во Сирија. Според воените извори, Израел истрелал неколку проектили кон Голан и целел кон позиции на југот на земјата. Сириската противвоздушна одбрана успеала да собори голем дел од нив.
-
Свет 16.12.2021 10:47
Зеленски: Западните земји да ја санкционираат Москва
„Украина е подготвена за секаква форма на разговори со Русија, но би сакала да види санкции против Москва од западните земји“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.
-
Свет 16.12.2021 10:06
Од недела влез во Грција само со негативен ПЦР тест
Од недела влез во Грција само со негативен ПЦР тест за коронавирус. Тие не смеат да бидат постари од 48 часа и ќе бидат задолжителни и за целосно вакцинираните лица. Мерката ќе важи за сите патници без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.
-
Свет 16.12.2021 09:15
Пандемијата, енергетиката и безбедноста во фокус на Европскиот совет
Лидерите на Eвропската унија денеска на последен состанок за годинава во Брисел.
-
Свет 15.12.2021 12:47
Омикорн се шири со голема брзина, вакцините може да бидат помалку ефикасни
„Новиот вид на коронавирусот Омикрон се шири со невидена брзина и може да го зголеми притисокот врз болниците“ - предупреди Светската здравствена организација. Апелира да се почитува социјалната дистанца, носењето маски и одржувањето на хигиената.
-
Свет 15.12.2021 11:18
Столтенберг: Нема да распоредуваме ракети по Европа
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема да распоредува ракети низ Европа. Тој нагласи дека Русија со години го прекршувала Договорот за забрана за ширењето на нуклеарното вооружување (ИНФ), распоредувајќи проектили со средем дострел по Стариот континент.
-
Свет 15.12.2021 10:23
Голем пожар во висококатница во Хонгконг, над 300 луѓе заробени
Над 300 лица се заробени на покривот на Светсткиот трговски центар во Хонгконг поради пожар.
Огнот во „Козвеј беј“, кој избил околу пладне по локално време, е окарактеризиран како трето ниво од скалата со пет.
-
Свет 15.12.2021 09:52
СЗО: Омикрон се шири со невидена брзина
Светската здравствена организација објави дека во 77 држави биле пријавени случаи со новата варијанта на корона вирусот Омикрон.
-
Свет 14.12.2021 12:50
Се интензивира битката против Омикрон
Европскиот континент ја интензивира битката против Омикрон. Здравствените власти на Британија, Данска и Норвешка прогнозираат доминација на овој нов вид коронавирус во претстојниот период.










