САД се подготвени за соработка со Северна Кореја иако Пјонгјанг за викендот тестираше нова ракета со голем дострел. Од Белата куќа соопштија дека ставот на Вашингтон нема да се промени. Реакции и осуда за последната проектилна проба стигна и од официјален Сеул и Токио.
-
Свет 14.09.2021 09:46
-
Свет 14.09.2021 09:27
Над 150 медиуми ја прекинаа соработката откако Талибанците презедоа контрола
153 медиуми престанаа да соработуваат со Авганистан откако талибанското движење ја презеде контролата на средината на август. Главна причина за медиумскиот мрак се тешката економска ситуација и ограничувањата кои беа наметнати од Талибанците.
-
Свет 13.09.2021 13:19
Шолц победник во второто соочување со ривалите за канцеларската функција
Кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија, Олаф Шолц и натаму во предност. Според анализата на јавниот сервис, тој добил најголема поддршка и во второто телевизиско соочување со ривалите од Унијата ЦДУ/ЦСУ Армин Лашет, и Аналена Бербок од Партијата на зелените.
-
Свет 13.09.2021 12:39
СЗО: Со вакцинацијата не завршува пандемијата
Со вакцинацијата не завршува пандемијата, предупредуваат од СЗО. Од таму посочија дека некои држави по вакцинацијата на поголемиот дел од населението прерано ги укинаа мерките за заштита што предизвика зголемување на бројот на новозаразени.
-
Свет 13.09.2021 11:35
Израел: Претставен план за стабилизација на односите со Газа
Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид претстави нова визија за односите со Газа. Нагласи дека ова не е предлог за преговори со Хамас или слабеење на Палестинската управа која редовно соработувала со Израел.
-
Свет 13.09.2021 11:03
Меркел во проштална посета на Србија
Германската канцеларка Ангела Меркел во проштална посета на Србија. Ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
-
Свет 13.09.2021 10:20
Нова ракетна проба во Северна Кореја, реакции од соседите и од САД
Северна Кореја со нова проба на проектил со голем дострел. Во главниот државен весник се објавени две фотографии од лансирањето и детален текст на извршениот тест. Проектилот погодил цели оддалечени на 1500 километри. Сеул, Токио и Пентагон со реакција за најновите проби.
-
Свет 13.09.2021 09:52
Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Калифорнија поради пожарите кои се активни од 14 август.
Годинава во САД беа регистрирани над 6.800 шумски пожари кои уништијаречиси 700.000 хектари земја.
-
Свет 10.09.2021 13:52
Две декади по терористичките напади врз САД
Две децении по терористичките напади врз Соединетите држави. 11-ти септември 2001-та година. Силни експлозии и пламен во центарот на Њујорк. Летот 11 на киднапираниот „Американ ерлајнс“штотуку ја погоди северната кула.
-
Свет 10.09.2021 11:12
Нов Зеланд: 250 илјади дози на Фајзер пристигнаа од Шпанија
Околу 250 илјади дози на Фајзер од Шпанија пристигнаа на аеродромот Окленд во Нов Зеланд. Беа транспортирани до Националниот центар за вакцини, каде што ќе бидат проверени пред да бидат ставени на располагање за дистрибуција.








