Пет лица се убиени, а шестмина се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во кампусот на универзитет во рускиот град Перм. Сторителот е уапсен. Според некои информации, бројот на убиени и повредени е многу поголем, но засега нема официјална потврда.
-
Свет 20.09.2021 11:03
-
Свет 20.09.2021 10:49
Талибанците не се откажуваат од строгиот шеријат
Затворени граници, блокирани пари, блокада на доставата на храна – ваква е реалната состојба во Авганистан на чело со Талибанците.
-
Свет 20.09.2021 10:36
Вулканска ерупција на Канарските Острови
Активиран вулканот Кумбре Виеха на канарскиот остров Ла Палма. По неколкудневна сеизмичка активност, од кратерот се забележани лава, пепел и огромни количества чад.
Околу 5.000 жители се евакуирани во привремени засолништа. Засега нема жртви.
-
Свет 20.09.2021 10:20
Франција се повлекува од разговорите за одбрана со Обединетото Кралство
Франција ги откажа разговорите за одбрана со Обединетото Кралство поради спорот поради новиот пакт АУКУС во Индо-Пацификот којшто Лондон го најави со Вашингтон и Канбера.
-
Свет 20.09.2021 10:07
„Единствена Русија“ победи на парламентарните избори за државната Дума
Нереди и апсења за време на тридневните парламентарни избори во Русија. На видео објавено на социјалните медиуми се прикажани членови на изборната комисија во Санкт Петербург кои кршат гласачки кутии и ги расфрлаат ливчињата наоколу.
-
Свет 19.09.2021 11:40
Морисон: Го разбирам разочарувањето на Франција
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека го разбира разочарувањето на Франција што неговата земја го откажа договорот за купување подморници во корист на сојузи со САД и Велика Британија, но нагласи дека Австралија првенствено треба да ги штити своите интереси.
-
Свет 17.09.2021 13:19
Жестоки реакции по најавата за пактот АУКУС
Светската политичка сцена во неизвесност од новиот Индо-пацифички безбедносен пакт АУКУС на САД, Обединетото Кралство и Австралија. Западните земји се обидуваат да ги засилат капацитетите поради растечката воена моќ на Кина.
-
Свет 17.09.2021 11:50
Талибанците не ја исклучуваат можноста за избори
Талибанците не ја исклучуваат можноста за избори во авганистан. Прашањето ќе се решава со нов устав кој е во подготовка.
-
Свет 17.09.2021 11:21
Русија: Избори за Долниот дом на Парламентот
Русија на избори за Долниот дом на Парламентот. Пратениците во Думата добиваат мандат од пет години според мешан изборен систем: половината од членовите односно 225, ќе бидат избрани од партиските листи, а другата половина ќе бидат избрани од граѓани во 225 изборни единици.
-
Свет 17.09.2021 10:28
Блинкен: Франција е витален партнер на САД во регионот
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тврди дека Франција била информирана за формирањето на новиот безбедносен пакт во Индо-Пацификот и дека и натаму останува витален партнер на САД.










