Јапонскиот премиер Јошихиде Суга по само една година се повлекува од функцијата. Изјави дека нема да учествува во трката за лидерство на владејачката Либерално-демократска партија на крајот на септември, дека се повлекува и дека сака да се фокусира на мерките за борба против пандемијата.
-
Свет 03.09.2021 10:52
-
Свет 03.09.2021 10:30
Нов Зеланд: Терористички напад во Oкленд
Шест лица се повредени во напад со нож во супермаркет во Окленд, Нов Зеланд. Полицијата го застрелала напаѓачот, кој според извештаите, бил државјанин на Шри Ланка и пристигнал во Нов Зеланд пред 10-ина години.
-
Свет 03.09.2021 09:58
Расте бројот на загинати по ураганот „Ида“
Најмалку 46 луѓе загинаа во поплавите на североистокот од САД, по што американскиот претседaтел Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси, додавајќи дека се потребни „историски инвестиции“ за справување со климатската криза.
-
Свет 02.09.2021 15:45
Талибанците на тест
Талибанците на тест- ја добија војната, сега треба да научат да ја водат државата. Ветија пофлексибилен систем, инклузивна влада и безбедност. Но, ќе успеат ли да ја минат транзицијата во очајно сиромашната и дипломатски изолирана земја?
-
Свет 02.09.2021 11:17
Убиен средношколец во Северна Каролина
Застрелан ученик во средно училиште во Северна Каролина. Шефицата на полицијата во Винстон-Салем, Катрина Томпсон изјави дека ученикот им подлегнал на повредите во болница.
-
Свет 02.09.2021 10:27
Њујорк под вода, прогласена вонредна состојба
Вонредна состојба прогласена во Њујорк по обилните дождови и поплави предизвикани од ураганот „Ида“. Спасувачите имаат полни раце работа. На сила е забрана за патување, речиси сите градски линии на метрото се прекинати, а од изутрината прекинати се и сите летови на аеродромот.
-
Свет 02.09.2021 10:09
Муџахид: Новата влада наскоро ќе биде објавена
Ова е горд ден за народот во Авганистан, нанесовме огромен пораз на оние што ни ја запоседнаа земјата, сега Авганистанците можат да живеат слободно- изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид во интервју за Кинеската медиумска група.
-
Свет 01.09.2021 16:30
Израелски војници убиле Палестинец на западниот брег
Израелски војници убиле Палестинец во окупираниот Западен брег во текот на ноќта, соопшти палестинското министерство за здравство.
-
Свет 01.09.2021 12:38
Бајден: Повеќе немавме јасна цел во Авганистан, повлекувањето е успешна мисија
Американскиот претседател Бајден го нарече повлекувањето од авганистан мудра одлука и„најдоброто за Америка“. Рече дека неговиот избор бил „напуштање или ескалирање“ и ја презеде „одговорноста“ за својата одлука.
-
Свет 01.09.2021 12:05
СЗО ја следи новата варијанта на Ковид-19
Светската здравствена организација следи нова еволуцијата на вирусот Ковид -19 - наречена варијанта „Му“. Варијантата за првпат беше откриена во Колумбија во јануари и сега е наведена како една од петте варијанти од интерес за СЗО.










