Министерот за одбрана на Авганистан, Асадулах Калид изјави дека доколку членовите на Талибанското движење не ги прекинат нападите до крајот на неделава, ќе преминат од одбрана во напади врз вооружената група.
-
Свет 09.03.2020 10:53
-
Свет 09.03.2020 10:33
Ердоган на состанок со лидерите на ЕУ
Турскиот претседател Ердоган во Брисел на средба со лидерите на ЕУ, претседателите на Европскиот совет и на Комисијата, Шарл Мишел и Урсула Фон Дер Лајен. Доаѓа по неколку вонредни состаноци на Унијата поради ескалацијата на ситуацијата на Турско- грчката граница.
-
Свет 05.03.2020 13:04
Совет на ЕУ усвои акциски план за бегалците
Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ во Брисел едногласно ги прифати мерките од акцискиот план на Европската комисија што треба да се преземат за поддршка на Грција во справувањето со вонредната состојба на надворешните граници.
-
Свет 05.03.2020 12:18
Италија: Во голема акција запленети над 4,5 тони дрога
Во полициска акција на италијанската полиција биле запленети 4,5 тони марихуана, 36 килограми кокаин, 62 килограми хашиш и 4 литри масло од хашиш, чија вредност на пазарот достигнува вредност од 8 милиони евра.
-
Свет 05.03.2020 11:17
Блумберг се повлече од претседателската трка
По слабиот рерзултат од гласањето на т.н. Супер вторник во битката за номинацијата на демократите за претседател на САД, Мајкл Блумберг се повлече од трката.
-
Свет 05.03.2020 10:38
НАТО проценува како да ѝ помогне на Турција
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата проценува како да ѝ помогне на Турција, која во северна Сирија има судир со сириските сили, поддржани од Русија. Столтенберг нагласи дека Алијансата постојано ја проценува ситуацијата и ѝ дава поддршка на Турција.
-
Свет 05.03.2020 09:47
Прва жртва од Ковид-19 во Калифорнија, прогласена вонредна состојба
Прв смртен случај од Ковид-19 во Калифорнија. Станува збор за постаро лице кое било регистрирано како втор заболен во таа американска држава. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба поради вирусот во оваа држава, која досега има 53 потврдени случаи.
-
Свет 04.03.2020 15:40
Во Србија распишани парламентарни, покраински и локални избори за 26-ти април
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги распиша парламентарните избори во Република Србија за 26-ти април.
-
Свет 04.03.2020 12:59
„Супер вторник“: Враќање на Бајден, Сандерс изненади
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден се врати во трката за кандидат на демократите по низа победи во голем број држави во т.н. „Супер вторник“. Победи во Вирџинија, Северна Каролина, Алабама, Оклахома, Тенеси, Минесота, Арканзас и Масачусетс.
-
Свет 04.03.2020 12:25
Трамп телефонски разговарал со лидерот на талибанците за мировниот договор во Авганистан
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со главниот преговарач на авганистанските талибанци, Мулата Барадар Ахунд, кој доаѓа непосредно по потпишувањето на договорот за повлекување на американските сили од Авганистан.








