Вкупно 12 држави пријавиле први случаи, а во моментов има 21 земја со по еден заразен. 122 земји не пријавиле ниту еден случај на зараза од Ковид-19.
-
Свет 04.03.2020 10:54
-
Свет 04.03.2020 10:02
Враќање на Бајден, Сандерс изненади
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден се врати во трката за кандидат на демократите по низа победи во т.н. „Супер вторник“. Добар резултат постигна и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс кој освои победи во неколку големи и богати со делегати држави.
-
Свет 03.03.2020 15:06
Врвот на ЕУ во посета на грчко- турската граница
Лидерите на Европската унија пристигнаа во Грција.
-
Свет 03.03.2020 14:40
САД: Демократската претседателска кампања фокусирана на супер вторникот
Демократската претседателска кампања во Соединетите Американски Држави е фокусирана на супер вторникот, најважниот ден од примарните избори во целата трка.
-
Свет 03.03.2020 13:08
Турција: 130.000 мигранти ја напуштиле земјата
Повеќе од 130.000 мигранти ја напуштиле Турција преку градот Едрене, информираат турските власти. Од меѓународната организација за миграција тврдат дека реалната бројка е околу 15.000 лица.
-
Свет 03.03.2020 11:09
Ердоган: ЕУ не ги исполни своите обврски од договорот со Турција за мигрантите
Бројот на мигранти на турско- грчката граница е над 13.000 лица. Грција од неделата го подигна нивото на заштита на границите до максимум и најави дека во рок од еден месец нема да се примаат нови барања за азил.
-
Свет 03.03.2020 10:43
Израел: Нетанјаху прогласи победа на парламентарните избори
Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа на парламентарните избори во земјата, но се уште го нема потребното мнозинство за формирање влада.
-
Свет 02.03.2020 13:50
Спречен влез на 15.000 мигранти
Мигранти што се обидуваат да стигнат до Европа откако претседателот Ердоган ја отвори турската страна на границата се судрија со грчката полиција. Анкара тврди дека повеќе од 76.000 луѓе се движат кон Европската унија, а според Обединетите нации, тој број е далеку помал.
-
Свет 02.03.2020 11:26
Филипини: Заложничка драма во трговски центар
Заложничка драма на Филипините. Вооружан напаѓач отвори оган во трговски центар во населбата Сан Хуан при што повредил едно лице, а 30 држи како заложници.
Според информациите, станува збор за незадоволен чувар, кој неодамна ја загубил работата во трговски центар во Манила.
-
Свет 02.03.2020 10:11
Бројката на починати од коронавирусот надмина 3.000
Бројот на починати од коронавирусот на светско ниво надмина 3.000, точно два месеца откако се појави во кинескиот град Вухан. Смртни случаи досега имаше во 11 земји, а 90% од вкупниот број се во кинеската провинција Хубеи.







