Европа се мобилизира. Во Рим, министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија на средба, во врска со мерките против ширењето на коронавирусот поради ситуацијата во Италија.
-
Свет 25.02.2020 13:10
-
Свет 25.02.2020 11:40
Во Кина нови 508 потврдени случаи на Коронавирус
Нови 508 потврдени случаи на Коронавирус во Кина. Во текот на вчерашниот ден починаа 71 лице, потврдија здраствените власти, додека пак излекувани се над 2.500 пациенти.
-
Свет 24.02.2020 13:18
Коронавирус: Четврта жртва во Италија
Четврто лице заразено со коронавирусот почина во Италија, додека италијанските власти преземаат мерки да се ограничи ширењето на епидемијата во северниот дел на земјата. Постојано расте и бројот на заразени. Откажан е карневалот во Венеција и низа спортски натпревари.
-
Свет 24.02.2020 12:10
Нападнати позиции на „Исламски џихад“ во Сирија
Двајца припадници на палестинската група „Исламски џихад“ загинале во напад на Израел врз Дамаск. Израелски авиони нападнале позиции на „Исламски џихад“ во Сирија, откако групата се судри со израелските сили околу Појасот Газа.
-
Свет 24.02.2020 10:50
На Асанж му се закануваат 175 години затвор
Претставниците на американската влада и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе се соочат во судот во Лондон. Асанж е обвинет по 18 точки поради објавување доверливи документи.
-
Свет 24.02.2020 10:36
Запрен железничкиот сообраќај меѓу Италија и Австрија
Италијанските власти преземаат мерки за да се ограничи ширењето на коронавирусот во северниот дел на земјата, откако бројот на заразени порасна на 152 лица, а до сега починаа три лица. Откажан е карневалот во Венеција и низа спортски натпревари.
-
Свет 21.02.2020 13:01
Сасоли: Предлог- буџетот на ЕУ неприфатлив за ЕП
Буџетот на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година е неприфатлив за Европскиот парламент, изјави претседателот на парламентот Сасоли по состанокот на шефовите на држави и влади во Брисел.
-
Свет 21.02.2020 12:14
Парламентарни избори во Иран
Иранците денеска гласаат на парламентарни избори во кои сите кандидати претходно биле скенирани од исламските клерици во Советот на старатели.
Илјадници апликации од реформистите и умерените биле отфрлени. Конзервативните Клерици одобрија над 7.140 кандидатури, а отфлија 9.000.
-
Свет 21.02.2020 11:23
Илјадници луѓе низ Германија оддадоа почит на жртвите во нападот во Ханау
Илјадници луѓе низ германија вчеравечер им оддадоа почит на жртвите во нападот во Ханау. Во повеќе од 50 градови во земјата имаше собири на граѓани, политичари и претставници на црквите.
-
Свет 21.02.2020 10:49
ЕУ: Итен повик за прекин на огнот до сирискиот режим
Шефовите на држави и влади на Европската унија го повикаа режимот на Башар Ал Асад и неговите поддржувачи веднаш да и стават крај на воената офанзива во Идлиб.






