Велика Британија е сојузник, стратешки партнер, но и вистински пријател на Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Лондон.
-
Свет 14.05.2018 10:28
-
Свет 11.05.2018 13:15
Трамп: Самитот со Северна Кореја ќе биде успешен
Самитот за Северна Кореја ќе претставува успех, оцени американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Свет 11.05.2018 12:55
Техеран: Сирија има право да се брани
Иран го поддржа правото на Сирија да се брани од агресијата на Израел и ја обвини меѓународната заедница за молк по израелските напади на клучниот сојузник на Техеран во регионот.
Портпаролот на министерството за надворешни на Иран, Касеми рече дека Сирија има право на самоодбрана.
-
Свет 11.05.2018 11:51
Нетанјаху: Нападите јасна порака до Асад
Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека нападот врз положбите на иранските сили во Сирија е јасна порака до сирискиот претседател Башар Ал Асад да не го напаѓа Израел.
-
Свет 11.05.2018 11:11
Хаваи бара помош поради земјотресите и вулканските ерупции
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге побара од претседателот на САД, Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа поради земјотресите и вулканските ерупции.
На Хаваите се случила толку голема катастрофа што им е потребна директна федерална помош, вели гувернерот.
-
Свет 11.05.2018 10:36
Средба Трамп- Јонг Ун на 12-ти јуни
Американскиот претседател Трамп објави дека на 12-ти јуни во Сингапур ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „И двајцата ќе се обидеме таа средба да ја направиме специјален момент за мирот во светот“, напиша Трамп на Твитер.
-
Свет 10.05.2018 15:55
Иран нападна израелски воени цели, Израел возврати
Иранските сили во Сирија истрелаа повеќе ракети врз израелската армија на Голанската Висорамнина. Израел ги вклучи сирените за воздушен напад. Медиумите пренесоа дека сириските сили за одбрана пресретнале и собориле околу 20 ирански проектили.
-
Свет 10.05.2018 15:02
Ослободените Американци од Северна Кореја пристигнаа во САД
Воениот авион со тројцата Американци кои ги ослободи Северна Кореја слета во воената база во близина на Вашингтон, каде ги пречека американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Свет 10.05.2018 13:05
Хаспел тврди дека ќе се укине програмата за сурови методи на испрашување
Кандидатката за челната позиција на ЦИА, Џина Хаспел тврди дека ќе се укине програмата за сурови методи на испрашување. На сослушувањето пред Комисијата за разузнавање на Сенатот Хаспел потенцираше дека се веќе научени лекциите и исходот од казнените методи за осомничените злосторници.
-
Свет 10.05.2018 12:28
Бела куќа: САД ќе воведат „огромни санкции“ кон Иран
Белата куќа сооопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за воведување нови санкции кон Иран со цел земјата да не развие нуклеарно оружје.










