Израелската армија уништи десетици ирански воени цели во Сирија, како одговор на ракетирањето врз Голанска Висорамнина.
-
Свет 10.05.2018 10:38
-
Свет 09.05.2018 15:39
Тајани: Соработката во ЕУ да биде базирана на солидарност
Приказната на Европа е приказна за слободата и човековите права, изјави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, по повод денот на Европа.
-
Свет 09.05.2018 13:27
Поделени реакции за повлекувањето на САД од нуклаерниот договор со Иран
САД официјално се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма, а укинатите санкции во рамките на спогодбата од 2015 година кон официјален Техеран ќе бидат обновени.
-
Свет 09.05.2018 13:17
Москва: Парада по повод 73 години од победата над фашизмот
Со воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија ја одбележа 73-годишнината од победата над фашизмот. Рускиот претседател Путин го честиташе 9-ти мај и потсети на триумфалната победа во Втората Светска војна. Рече дека тоа е свет празник за целата земја.
-
Свет 09.05.2018 11:17
Израел гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск
Израел синоќа гаѓал позиции на сириската армија во близина на Дамаск, но сириската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила две ракети, јавија сириските државни медиуми.
-
Свет 09.05.2018 10:52
Половина милион Турци на социјалните мрежи на Ердоган му порачаа „Доста!“
На изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе се повлече доколку Турција каже „Доста“, вчера повеќе од половина милион Турци му одговори со твитови во кои пишува „Тамам“ односно „Доста“ на турски.
-
Свет 09.05.2018 10:30
САД го напушта нуклеарниот договор со Иран, ЕУ во обид да ја зачува меѓународната спогодба
САД официјално се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма, а укинатите санкции во рамките на спогодбата од 2015 година кон официјален Техеран ќе бидат обновени.
-
Свет 08.05.2018 16:30
Пашињан избран за премиер на Ерменија
Опозицискиот лидер Никол Пашињан е избран за премиер на Ерменија, функција за која беше и единствен кандидат. Пашињан е избран на седница на Парламентот, по тринеделни протести.
-
Свет 08.05.2018 13:59
Лидерот на Исламска држава веројатно се крие во Сирија
Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал-Багдади, е жив и веројатно се крие во Сирија на границата со Ирак, изјави Абу Али Ал-Басри, директор на Управата за разузнавање и борба со трговијата со дрога на Министерството за внатрешни работи на Ирак.
-
Свет 08.05.2018 13:06
Трамп нема да учествува на церемонијата за отворање на Американската амбасада во Ерусалим
Претседателот на САД Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс нема да присуствуваат на отворањето на американската амбасада во Ерусалим. Делегацијата на свеченоста закажана за 14 мај ќе ја предводи заменик-државниот секретар Џон Саливан.










