Според „Телеграф“, Велика Британија ќе и каже на ЕУ дека е подготвена да остане во царинска унија и по 2021 година. Британските надлежни министри, кои работат на Брегзит, се договориле за нов план со кој ќе се избегне физичка граница со Ирска откако ги одбија претходните предлози на ЕУ.
-
Свет 17.05.2018 12:03
-
Свет 17.05.2018 10:55
Џулијани: Тимот на Малер нема обвинение против Трамп
Според адвокатот на американскиот претседател, тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер не може да поднесе обвинение против Доналд Трамп независно од доказите кои ги поседува против него во истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.
-
Свет 17.05.2018 10:28
ЕУ единствена за Иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија
Лидерите од Европската унија се единствени во заедничкиот одговор на постапките на претседателот Доналд Трамп во контекст на иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија.
-
Свет 16.05.2018 15:12
Столтенберг: Дијалог меѓу НАТО и Русија е можен
„Зајакнување на врските на НАТО со Русија е можно и треба да се бараат начини за воспоставување дијалог со неа“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за францускиот весник „Фигаро“.
-
Свет 16.05.2018 13:14
Можно откажување на средбата Трамп- Ким
Северна Кореја го откажа состанокот со јужниот сосед и се закани дека истото ќе го стори и со состанокот со претседателот на САД, Трамп, поради Американско- јужнокорејските вежби кои ги смета за обид за инвазија и провокација.
-
Свет 16.05.2018 13:07
Без одлука заврши вонредниот состанок во Советот за безбедност на ООН за Палестина и Израел
Без заедничка одлука и со меѓусебни обвинувања на израелскиот и палестинскиот амбасадор мина вонредната седница на Советот за безбедност на ОН.
-
Свет 16.05.2018 11:16
В петок состанок за Изралеско- палестинскиот конфликт
Без заедничка одлука и со меѓусебни обвинувања на израелскиот и палестинскиот амбасадор мина вонредната седница Советот за безбедност на ОН.
-
Свет 16.05.2018 11:05
Могерини: работиме за решение за Иран
Европската унија не може да даде правни и економски гаранции за Иран, но е сериозна во намерата да се најде начин инвестиции да пристигнат во Иран и да даде конкретни мерки во следните неколку недели, соопшти шефот на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.
-
Свет 16.05.2018 10:32
Можно е откажување на средбата Трамп- Ким
Откако ја откажа средбата со официјален Сеул, Северна Кореја најави дека е можно да ги откаже и разговорите со САД поради воените вежби со јужниот сосед.
-
Свет 15.05.2018 13:46
278 жртви во силните бури во Индија за еден месец
Најмалку 278 луѓе загинаа во силните бури што зафатија шест држави во Индија од 11-ти април. Медиумите пишуваат дека во текот на првите недели на мај, загинале 223 лица, а во април 55.










