Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден.
Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност.
Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден.
Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност.
Американскиот претседател Трамп се откажа од царините и од целосно преземање на Гренланд, најавувајќи договор за решавање на спорот со Данска. Откри рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот, од интерес за САД и преостанатите земји на Алијансата. Деталите сè уште се финализираат.
По Давос, се смирија страстите со американското преземање на Гренланд. Шефот на Белата куќа ги сумираше разговорите во рамките на НАТО и со првите луѓе на Кралството Данска.
Неколку лица се исчезнати по свлечиште кое уништи камп во северниот дел на Нов Зеланд, предизвикано од обилните дождови што ја зафатија земјата. Спасувачките напори се во тек.
Иранската државна телевизија објави официјална бројка од 3.117 жртви во неодамнешните протести, од кои 2.427 биле цивили и припадници на безбедносните сили.
За останатите не се дадени детали. Активистите, пак, тврдат дека бројката е многу поголема и достига речиси пет илјади.
Американскиот претседател се откажа од царините за Европа, но и од целосното преземање на Гренланд. Најави договор за завршување на спорот околу данската територија, избегнувајќи криза во трансатлантските односи.
Во Москва средба на американските претставници Виткоф и Кушнер со Путин за мировните преговори за Украина.
Двајца загинати и 20 се повредени во израелски воздушни напади врз три села во јужен Либан за кои Тел Авив тврди дека се дел од инфраструктурата на Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје.
Либан го осуди нападот како кршење на примирјето и таргетирање цивили.
Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД, пристап до минерали и блокирање на амбициите на Русија и Кина, со можни дополнителни американски бази и редефинирање на договорот од 1951 година, со согласност на Данска и
Нова железничка несреќа среде национална жалост во Шпанија. Едно лице загина, десетици се повредени откако воз удрил во потпорен ѕид кој се урнал врз шините по што излетал од правецот во близина на Барселона.