САД и Јапонија потпишаа договор за ретки минерали, најавувајќи „златно доба“ за сојузот меѓу двете земји. Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД.
-
Свет 28.10.2025 10:19
-
Свет 28.10.2025 09:08
Силен земјотрес во Турција, најмалку 19 лица повредени
Најмалку 19 луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер што ја погоди западна Турција во близина на градот Синдирги.
Според првичните информации, нема загинати, но урнати се три згради и продавница. Потресот бил почувствуван во Истанбул и во делови од Грција.
-
Свет 28.10.2025 08:37
Жестоки борби во Покровск
Руските сили ја концентрираа офанзивата кон источниот украински град Покровск, каде се водат жестоки борби.
-
Свет 27.10.2025 19:09
В четврток средба Трамп-Џјинпинг
САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор што позитивно влијаеше на светските берзи. Се очекува разликите да се решат на средбата меѓу Трамп и Џјинпинг в четврток во Јужна Кореја. Вашингтон и Пекинг потврдија дека се блиску до решение.
-
Свет 27.10.2025 16:18
Украина ја нападна Москва со дронови
Откако Русија изврши масовни напади во кои имаше убиени и ранети, Украина возврати. Московската област-цел на дронови. Руските сили собориле 34 беспилотни летала од вкупно 194.
-
Свет 27.10.2025 15:28
45 државјани на Турција и Азербејџан, приведени во голема полициска акција во Подгорица
Во Подгорица се приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан во голема полициска акција. Осуммина странци се протерани од Црна Гора, а на седуммина им биле изречени прекршочни налози за кршење на Законот за странци.
-
Свет 27.10.2025 11:04
Хавиер Милеј победник на изборите во Аргентина
Со историски ниска излезност и покрај задолжителното гласање, само 66 насто од гласачите излегоа на конгресните избори во Аргентина.
-
Свет 27.10.2025 10:50
Ураганот Мелиса носи поројни дождови и поплави во САД
Бурата Мелиса во неделата прерасна во ураган од четврта категорија, а американските метеоролози рекоа дека би можела да достигне статус на петта категорија, предизвикувајќи поројни дождови и заканувајќи се да предизвика катастрофални поплави во северниот дел на Карибите, вклучувајќи ги Хаити и Ја
-
Свет 27.10.2025 10:18
САД и Кина пред договор за трговските царини
Двете најголеми економии во светот, САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор. Веста позитивно влијаеше на светските берзи, регистриран пораст на акциите.
-
Свет 27.10.2025 09:45
Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа
Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа, еден ден откако Египет распореди тим експерти и тешка опрема за да помогне во нивното извлекување.









