Министрите за финансии на САД и Кина подготвија рамка за трговски разговори меѓу лидерите на двете земји. Договорот меѓу Вашингтон и Пекинг е сè поблиску, изјавија претставници од двете најголеми економии во светот.
-
Свет 27.10.2025 08:35
-
Свет 26.10.2025 12:00
Нов руски напад со беспилотни летала врз Киев
Неколку убиени и ранети лица во вториот последователен напад со руски беспилотни летала врз Киев. Дроновите предизвикале пожари во две висококатници. Спасувачките екипи ги евакуирале жителите. Оштетена зграда и во областа Оболонски.
-
Свет 25.10.2025 19:03
САД воведе санкции за претседателот на Колумбија
САД воведе санкции за претседателот на Колумбија, неговата сопруга и син, како и за министерот за внатрешни работи на земјата. Американската администрација тврди дека Петро има врски со трговијата со дрога.
-
Свет 25.10.2025 13:30
И оружје и дипломатија за војната во Украина
„Коалицијата на подготвените“ е решителна финансиски да ја погоди Русија за да го доведе Путин на преговарачка маса и да ја прекине војната во Украина.
-
Свет 24.10.2025 19:26
Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки
Американскиот државен секретар кој пристигна во Израел на разговори за продолжување на мировниот план, порача дека безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки. Рубио вети дека останките на заложниците ќе бидат вратени.
-
Свет 24.10.2025 18:47
Помошта за заштита на Украина од идна руска агресија - тема на состанокот меѓу Зеленски и Стармер
Помош за заштита на Украина од идната руска агресија, како и зголемување на притисокот врз Путин – тема на состанокот меѓу Зеленски и Стармер. Украинскиот претседател оствари трета средба и со Кралот Чарлс Трети во замокот Виндзор пред состанокот со коалицијата на подготвените во Лондон.
-
Свет 24.10.2025 11:54
Европските лидери се согласија за финансиска поддршка на Украина во следните две години
Европските лидери се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години, но нема договор за замрзнатите руски средства.
-
Свет 24.10.2025 11:14
Граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на Мазар
Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Будимпешта во знак на поддршка на опозицискиот политичар Петер Мазар, лидер на либерално-конзервативната партија „Тиса“.
-
Свет 24.10.2025 10:37
Државниот секретар на САД во посета на Израел
Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег, предупреди американскиот претседател. Вашингтон се противи на одлуките на Кнесетот и предупредува дека ќе го загрозат постигнатото примирје во Газа. Во Израел допатува американскиот државен секретар Рубио.
-
Свет 24.10.2025 09:40
Нарушен воздушниот простор на Литванија
Литванскиот претседател потврди дека руските воени авиони го нарушиле воздушниот простор на Литванија. Министерството за надворешни работи на Литванија ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус, во знак на протест.










