Јапонскиот премиер Шинѕо Абе соопшти дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп при што го потврдиле ставот дека е неопходно да се преземат мерки против Северна Кореја по нејзината најнова ракетна проба.
-
Свет 31.07.2017 12:05
-
Свет 31.07.2017 11:06
Шест лица убиени во протестите во Венецуела
Шест лица биле убиени вчера во Венецуела за време на протестите против изборите за Уставотворно собрание, распишани по барање на претседателот Николас Мадуро.
-
Свет 11.07.2017 10:06
Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд
Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Нов Зеланд.
Засега нема извештаи за евентуални загинати и за причинета материјална штета.
-
Свет 07.07.2017 16:17
Самитот Г20 во Хамбург почна со големи антиглобалистички протести
Состанокот на врвот во Хамбург како што е што е најавено, а и според она што се случува од синоќа со антиглобалните протести, најверојатно ќе остане забележан дека се одржува во најнапната атмосфера од формирањето на форумот од 2008-та година.
-
Свет 07.07.2017 15:12
Нема договор за потворно обединување на Кипар
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази разочарување од неуспешните преговори за надминување на четиридецениската криза на Кипар. Средбата во швајцарското одморалиште беше оценета како обид за дополнителен притисок врз делегациите на двете кипарски заедници.
-
Свет 07.07.2017 14:34
Прва средба на Трамп и Путин на самитот Г20 во Хамбург
Американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат ќе се сретне со шефот на руската држава Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург.
-
Свет 07.07.2017 13:56
Стотици загинати во невремето во Јапонија и Кина
Стотици лица загинаа или се водат како исчезнати во невремето што ги погоди Јапонија и Кина. Спасувачките служби во јужниот дел на Јапонија понашле уште четири тела, со што вкупниот број на загинати при невремето се искачи на шест, додека најмалку 22 лица се уште се водат како исчезнати.
-
Свет 07.07.2017 12:21
Г20 под зајакнати безбедносни мерки, на маргините средба Трамп- Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја има првата тет-а-тет средба со шефот на руската држава Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург.
-
Свет 07.07.2017 11:39
28 загинати во пресметка на ривалски затворенички банди во Мексико
28 лица загинаа во пресметката меѓу ривалски банди во мексикански затвор. Инцидентот се лучил веројатно поради борба за контрола врз делови од установата и затворениците.
„Лас Крусес“ важи за најголем затвор во регионот на Акапулко, во кој има над две илјади затвореници.
-
Свет 07.07.2017 11:18
Заливските земји најавија политички, економски и правни чекори против Катар
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет најавија политички, економски и правни чекори откако Катар го одби ултиматумот со 13 услови.
Властите во Доха потенцираа дека ќе ги штитат својот народ и суверенитетот на земјата.









