Турското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Норвешка во Анкара, Вегард Елефсен поради одлуката на норвешките власти да им дадат азил на турски државјани, кои се обвинети за вмешаност во обидот за воен преврат во Турција во јули минатата година.
-
Свет 23.03.2017 11:38
-
Свет 23.03.2017 10:39
5.000 полицајци ќе ја обезбедуваат средбата на врвот на ЕУ во Рим
Пет илјади припадници на безбедносните сили ќе ја гарантираат безбедноста во Рим за време на средбата на врвот на ЕУ на 25-ти март. Европските лидери в сабота ќе ја одбележат 60-годишнината од Римскиот договор, кој ги постави основите на заедничка Европа.
-
Свет 23.03.2017 10:15
Серија рации по нападот во Лондон
Скотланд јард стартуваше серија рации во Бирмингам по нападот во Лондон во кој загинаа четири лица, а 40-тина беа ранети. Полицијата го застрела напаѓачот откако со автомобил прегазил пешаци, убивајќи тројца цивили, па со нож усмртил припадник од нивните редови.
-
Свет 22.03.2017 20:16
Четворица мртви и дваесет повредени во терористичкиот напад во Лондон
Во серијата инциденти во околината на Британскиот парламент, оквалификувани како терористички напад, загинаа четири, а повредени се 20 лица. Меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец, јави „Гардијан“.
-
Свет 22.03.2017 17:48
Тероритички напад во Лондон, една жена подлегна на повредите
Една жена им подлегна на повредите здобиени во нападот пред британскиот Парламент, кој полицијата го оквалификува како терористички чин.
-
Свет 22.03.2017 16:24
Брисел: Една година од нападите на аеродромот и метрото
Белгија одбележува една година од терористичките напади во Брисел во кои загинаа 32 лица, а над 300 беа повредени.
-
Свет 22.03.2017 14:58
Шкотска: Парламентот решава за нов референдум
Шкотскиот парламент денеска треба да се изјасни за нов, втор референдум за независност на Шкотска, што би требало да се одржи на есен идната година или во текот на пролетта 2019.
-
Свет 22.03.2017 14:19
Полицијата во Дубаи се заменува со роботи
Полицијата во Дубаи постепено се заменува со роботи кои можат да скенираат лица на 20 метри одалеченост.
Преку монитори на допир и микрофони, граѓаните ќе можат да пријавуваат злосторство или да плаќаат казни.
-
Свет 22.03.2017 12:56
Брисел ја одбележува годишнината од нападите на аеродромот и метрото
Белгија ја одбележува годишнината од нападите на аеродромот во Брисел и во подземната железница во кои загинаа 32 лица, а беа ранети над 300 луѓе.
Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава.
-
Свет 22.03.2017 12:16
Над 30 мртви во напад врз училиште во Рака
Најмалку 33 лица загинаа во напад врз едно училиште во сириската провинција Рака.
Објектот се користел како центар за раселени е бомбардиран од авиони на коалицијата предводена од САД, која се води офанзива против курдските и арапските борци.










