Според грчки „Катимерини“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп за можна војна на Балканот доколку се распадне ЕУ по Брегзит.
-
Свет 24.03.2017 14:06
-
Свет 24.03.2017 13:44
Руски војници загинаа во напад во Чеченија
Шест војници загинаа, а десет беа повредени при терористичкиот напад на воена база во Чеченија. Руската национална гарда ги распореди силите во Северен Кавказ за антитерористички операции.
-
Свет 24.03.2017 13:11
Поранешниот египетски претседател, Мубарак е на слобода
Хосни Мубарак, поранешниот египетски претседател кој беше симнат од власт во 2011 година, и првиот лидер кому му се судеше по Арапската пролет, излезе од затвор по 6 години.
-
Свет 24.03.2017 12:46
Почина и петтата жртва во лондонскиот напад
75-годишнен Британец е петтата жртва во лондонскиот напад чијшто извршител е веќе идентификуван како Калид Масуд, следбеник на Исламска држава роден во Кент, Англија. Двајца од 31 хоспитализирано лице се во критична состојба.
-
Свет 24.03.2017 12:18
Над 200 исчезнати при потонување на два брода со мигранти крај Либија
Околу 200 мигранти исчезнаа во Средоземјето откако им потонаа чамците на либиското крајбрежје. Спасувачите пронашле тела на петмина.
-
Свет 24.03.2017 11:55
Контроверзниот адвокат Фридмен - кандидат за амбасадор на САД во Израел
Контроверзниот адвокат Дејвид Фридмен, близок на израелската десница, е кандидат за амбасадор на САД во Израел. Само двајца демократи им се придуружија на републиканците и му дадоа поддршка на долгогодишниот соработник на претседателот Трамп.
-
Свет 24.03.2017 11:09
Папата Франциск со совети до челниците на ЕУ пред нејзиниот роденден во Рим
Во Рим утре ќе се одржи самит на Европската унија на кој треба да се роди нов блок со 27 членки. Целта на собирот ќе биде обновената интеграција со фокус на единството, а не создавањето на Европа на повеќе брзини.
-
Свет 24.03.2017 10:19
Трамп постави ултиматум за гласањето за новата здравствена програма
Американскиот претседател Доналд Трамп постави ултиматум за гласањето за новата проргама за здравствена заштита познат како „Трампкер“.
-
Свет 23.03.2017 16:34
Белгија: Спречен терористички напад во Антверпен
Во белгискиот град Антверпен е спречен напад со возило во преполна улица. Полицијата го уапси лицето кое што имало намера да се забие меѓу луѓето. Портпаролот на белгиската полиција потврди дека автомобилот бил со француски регистарски таблички.
-
Свет 23.03.2017 16:12
Поранешен руски пратеник убиен во Киев
Украинската полиција соопшти дека поранешниот руски пратеник, Денис Вороненков бил убиен во Киев. Непознат напаѓач пукал во 45-годишниот Воронеков пред влезот на луксузен хотел во главниот град на Украина.










