Жителите кои живеат низводно највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил во Северна Калифорнија, биле итно евакуирани откако властите предупредиле дека браната може да попушти поради пукнатините што се отвориле од силниот притисок на водата по обилните врнежи.
-
Свет 13.02.2017 11:28
-
Свет 13.02.2017 11:19
Мексико: Околу 20.000 луѓе протестираа против Трамп
Околу 20.000 луѓе излегоа на улиците на Мексико Сити да го искажат своето незадоволство од претседателот на САД, Доналд Трамп.
-
Свет 13.02.2017 10:19
САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредна седница за Северна Кореја
САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради тестирањето на балистичка ракета, што вчера го изврши Северна Кореја.
-
Свет 10.02.2017 15:15
Нов Зеланд: Битка за спас на китовите
Повеќе од 300 китови угинале откако се насукале на брегот на Златниот залив во Нов Зеланд. Волонтерите успеале да вратат педесетина назад во морето за време на плимата, но, водата ги враќала на брегот.
-
Свет 10.02.2017 15:10
Франција: Антитерористичките единици уапсија тинејџерка за планирање на напад
Француските антитерористички единици уапсиле четворица, меѓу кои и 16-годишно девојче за подготовки на терористички напад. Доказ кој оди во прилог на истрагата се и пораките за џихад кои девојката ги објавувала на социјалните мрежи.
-
Свет 10.02.2017 14:12
Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи што ги одобри Парламентот минатиот месец со цел да се смени политичкиот систем на земјата.
По објавата во државниот весник, стартува 60-дневниот рок по што ќе биде организиран референдум.
-
Свет 10.02.2017 13:51
12 жртви во лизгање на земјиште на Бали
12 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето на Бали по поројните дождови. Неколку куќи се затрупани и во тек е потрага по исчезнати лица.
Селаните од погодените подрачја се евакуирани. Метеоролозите најавија врнежи и за викендот.
-
Свет 10.02.2017 12:35
Две лица настрадаа во снежното невреме во САД
Две лица загинаа во снежното невреме што го парализираше североистокот на САД. Најпогодени се Њујорк, Конектикат, Роуд Ајленд, Масачусетс и Њу Џерси. Откажани се над 2.700 летови на аеродромот „Кенеди“ и уште на три аеродроми околу Големото јаболко.
-
Свет 10.02.2017 12:18
Москва: Повлекувањето на странските војници од Авганистан ќе има последици
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Путин за Авганистан, Замир Кабулов, предупреди дека повлекувањето на странските војски од Авганистан ќе има големи последици за воената состојба во државата.
-
Свет 10.02.2017 11:06
Германија бара побрза депортација за одбиените азиланти
Германската влада ќе ја забрза депортацијата на одбиените баратели на азил. Лани во земјата биле поднесени над милион барања така што канцеларката Меркел заедно со гувернерите на 16 германски провинции одлучи да ги прифати само оние луѓе кои се во вонредна состојба.










