Бугарија ќе гради жичена ограда долга 100 км на границата со Грција и со Турција. Ќе распореди и дополнителен број граничари во обид да се спречи приливот на мигранти.
-
Свет 05.10.2016 10:51
-
Свет 05.10.2016 10:18
Предизборно соочување во САД: Прва дебата на потпретседателските кандидати
Потпретседателот на Републиканците, гувернерот Мајк Пенс ја изложи економската политика на Доналд Трамп, ги отфрли обвинувањата дека Трамп не плаќал данок и истакна дека тие ќе ја вратат безбедноста во земјата и лидерската улога на Америка во светот.
-
Свет 04.10.2016 13:39
„Викиликс“ ќе објавува документи за американските претседателски избори
Секоја недела, „Викиликс“ ќе објавува документи за американските претседателски избори се до терминот на нивно одржување на 8 ноември. Контроверзниот портал одбележува 10 години од основањето.
-
Свет 04.10.2016 13:14
Мултијазичен робот поставен во Токио
Мултијазичен робот е поставен во туристички информативен центар во Токио. Роботот висок 90 сантиметри произведен од Хитачи комуницира на јапонски, англиски и кинески јазик со помош на вештачка интелигенција.
-
Свет 04.10.2016 12:37
Протест на мигранти во Белград
Неколку стотици мигранти во Белград излегоа на протест, барајќи Унгарија да ги отвори границите.
Оние што останаа заглавени во Србија очекуваа позитивен резултат од унгарскиот референдум за мигрански квоти.
-
Свет 04.10.2016 12:24
400 илјади деца-бегалци во Турција немаат пристап до образование
Според извештајот на Советот на Европа, 400.000 деца-бегалци во Турција немале пристап до образовниот систем лани.
Анкара вети дека сите 640.000 сириски деца, кои живеат во Турција, ќе можат да одат училиште.
-
Свет 04.10.2016 11:31
ЕУ постигна договор со Авганистан за мигрантите
Европската Унија постигна договор со Авганистан за мигрантскиот бран со кој ќе им бидат олеснети условите за враќање во татковината на Авганистанците кои не добиле азил во Унијата.
-
Свет 04.10.2016 11:20
Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд на САД
Белата куќа изрази разочарување од одлуката на Врховниот суд да не ги слушне аргументите на администрацијата на претседателот Барак Обама за планот за илегални мигранти.
-
Свет 04.10.2016 10:59
Прекинати разговорите меѓу САД и Русија за Сирија
САД ги прекинуваат разговорите со Русија за војната во Сирија. Според американските власти, Москва не ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот.
-
Свет 04.10.2016 10:44
Турција: Суспендирани 13 илјади полициски службеници поради можни врски со Ѓулен
Турските власти отпуштија 12.801 полицаец поради наводна поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.










