Интензивните српско-албански разговори на премиерско ниво започнаа денес во Белград на Безбедносниот форум каде дискусијата меѓу двајцата премиери ја одбележа согласноста дека иднината на регионот ја гледаат во ЕУ, но и несогласувањето и дебатата за Косово.
-
Свет 13.10.2016 15:19
-
Свет 13.10.2016 14:49
Боб Дилан- добитник на годинашната Нобелова награда за литература
Американскиот музичар Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за создавање нов поетски израз во традиционалната американска музика.
Дилан е роден во 1941 година и кариерата ја почнал во Минесота. Најпознатите дела ги напишал во 60-тите години на минатиот век.
-
Свет 13.10.2016 13:13
Спротивставени ставови на Вучќик и Рама на Белградскиот безбедносен форум
Спротивставени ставови на Вучќик и Рама на дебатата на Белградскиот безбедносен форум. Евроинтеграциите, статусот на Косово, рудникот „Трепча“, и апсењето на Нехат Тачи во фокусот на разговорите.
-
Свет 13.10.2016 12:44
Боко Харам ослободи 21 ученичка, киднапирани пред две години
21 ученичка е ослободена од екстремистите на Боко Харам, соопштија властите во Нигерија. 276 девојчињата од градот Чибок беа киднапирани пред две години.
Боко Харам се основани во 2002 година и се борат за воведување на Шеријат на целата територија на Нигерија.
-
Свет 13.10.2016 11:54
Меј: Приоритет борбата против трговијата со луѓе
Британската премиерка Тереза Меј ги предупреди групите кои тргуваат со луѓе дека ќе бидат приоритет на списокот на криминал кој Обединетото Кралство ќе се обиде да го искорени.
-
Свет 13.10.2016 11:34
Се одложи сослушувањето на Асанж
Обвинителството на Еквадор соопшти дека се одложува сослушувањето на Џулијан Асанж за 14 ноември. 45-годишниот Австралиец побарал презакажување од безбедносни причини.
-
Свет 13.10.2016 11:01
Експлозија во центарот на Атина
Поставена експлозивна направа доцна синоќа била активирана во центарот на Атина, јавија денеска грчките медиуми.
Грчката полиција соопшти дека експлозијата била со мала моќност, дека нема настрадани лица и дека се предизвикани само помали материјални штети.
-
Свет 13.10.2016 10:29
Флорида- клучна за изборот на новиот американски претседател
Доналд Трамп ја загуби поддршката од Републиканците, па тој ги повика неговите поддржувачи да не гласаат за изборот на републиканските конгресмени и сенатори.
-
Свет 13.10.2016 10:07
Сириецот што планираше напад во Берлин се самоуби во затвор во Лајпциг
22-годишниот Сириец, Џабер ал-Бакр уапсен поради план за бомбашки напад во Германија, се самоуби во затвор во Лајпциг.
Полицијата најде експлозиви и бомбашки појас во неговиот стан пред да биде приведен откако тројца сириски бегалци го врзале и го предале.
-
Свет 12.10.2016 15:46
Агресивна трка за Белата куќа
Годинашната претседателска кампања во САД е една од највалканите и најагресивните во историјата на изборите. На второто соочување, Хилари Клинтон и Доналд Трамп се расфрлаа со навреди, обвинувања и закани.










