• Свет 27.04.2016 14:37

    Туск го одби барањето на Ципрас за самит

    Шефот на Европскиот совет, Доналд Туск го одби барањето на грчкиот премиер Ципрас за итно свикување на европски самит поради ненадејниот прекин на грчките преговори со кредиторите.

  • Свет 27.04.2016 13:36

    Идомени: Бегалците ја ослободија железничката пруга

    Бегалците на Идомени ја ослободија железничката пруга која беше блокирана со шатори повеќе од еден месец. Засега пругата е слободна без најави за нови блокади.

  • Свет 27.04.2016 12:52

    Белгија го екстрадира Абдеслам

    Белгија го екстрадира Салах Абдеслам во Франција, осомничен за нападите во Париз. На 18 март во Брисел, 26-годишниот Французин беше ранет и уапсен во полициска рација. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламска држава.

  • Свет 27.04.2016 11:30

    Се намалува бројот на странски борци што се приклучуваат на ИД

    Според американскиот генерал-мајор Питер Герстен, се намалува бројот на странски борци што им се придружуваат на милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија.

  • Свет 27.04.2016 10:30

    Трамп и Клинтон- најсериозни кандидати за претседател на САД

    По прелиминарните избори во Конектикат, Роуд Ајленд, Делавер, Пенсилванија и Мериленд, Хилари Клинтон е се поблиску да стане претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во ноември. Клинтон веќе разгледува 15 до 20 личности коишто може да бидат нејзин Потпретседател.

  • Свет 26.04.2016 15:31

    Канаѓанец погубен од екстремисти на Филипините

    Екстремистите на Абу Сајаф го погубија канадскиот заложник Џон Ридсдел на Филипините. Филипинската влада претходно наведе дека неговата отсечена глава била пронајдена на еден оддалечен остров, пет часа откако истекол рокот за откупот што го бараа исламските екстремисти.

  • Свет 26.04.2016 14:25

    Српски државјанин киднапиран во Либија

    Весникот „Вечерње Новости“ објави дека српскиот државјанин Мирослав Томиќ бил киднапиран во саботата на 23 април во Либија.

  • Свет 26.04.2016 13:15

    Украина: 30 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

    Во Украина денеска се одбележува 30-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, до која дојде по експлозија на реакторот на централата. Експлозијата и пожарот што следеше исфрлија радиоаквитни честички во атмосферата кои наредните денови се раширија низ поголемиот дел од Европа.

  • Свет 26.04.2016 12:24

    Триполи: Владата презеде контрола врз седум министерства

    Либиската влада на национално единство, поддржана од Обединетите нации воспостави административна контрола врз седум министерства во Триполи, вклучувајќи го и Министерството за надворешни работи.

  • Свет 26.04.2016 12:02

    19 лица загинаа во напад на бунтовниците во Алепо

    Најмалку 19 цивили, од кои три деца загинаа, а 120 беа ранети вчера во напади врз областите под контрола на сирискиот режим во сирискиот град Алепо.

Pages