• Свет 18.04.2016 15:30

    Бразил: Импичмент за Дилма Русеф

    Долниот дом на Парламентот во Бразил, по шестчасовна расправа ја поддржа иницијативата за отповикување на претседателката Дилма Русеф. Пратениците од власта побараа од членовите на Конгресот да покажат демократска свест, додека опозицијата  оцени- на Бразил му е потребна „морална обнова“.

  • Свет 18.04.2016 14:00

    Над 400 мигранти се удавија во Средоземно Море

    Над 400 илегални мигранти се удавија во водите на Средоземното Море. Според светските медиуми најголем дел од загинатите биле по потекло од Сомалија.

    Бродот со имигрантисе превртел во близина на африканскиот брег.  Мигрантите се обидувале дастигнат до бреговите на Европа.

  • Свет 18.04.2016 11:53

    Импичмент за бразилската претседателка Дилма Русеф

    Долниот дом на парламентот на Бразил гласаше за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф. Таа е обвинета за злоупотреба на федералниот буџет.

    Русеф аргументира дека слични маневри со буџетот правеле и претходните претседатели и оти таа не е инволвирана во корупциски скандали.

  • Свет 18.04.2016 11:47

    Деблокирана железничката пруга кај Идомени

    Железничката пруга кај идомени на грчко-македонската граница денеска е деблокирана, по 30 дена, јави МИА.

    Грчката полиција побарала од мигрантите да ги отстранат шаторите кои ги имаа поставено на пругата во знак на протест против затворање на границите.

  • Свет 18.04.2016 11:16

    Еквадор: 272 загинати по силниот земјотрес

    Билансот на жртвите од силниот земјотрес во Еквадор достигна 272 лица, а 2.068 се повредени. Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.

  • Свет 16.04.2016 15:15

    Папата Франциско ги посети мигрантите на Лезбос

    Папата Франциско пристигна на грчкиот остров Лезбос, во посета на мигрантите и бегалците кои што се наоѓаат таму.

  • Свет 15.04.2016 16:40

    „Скенер 2“: Заради корупција во Србија уапсени 49 лица

    Во повеќе градови во Србија во екот на предизборната кампања, денеска се одвиваше голема полициска акција наречена „Скенер 2“ во која се уапсени 49 лица осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба во државните органи.

  • Свет 15.04.2016 15:39

    Србија: Во акцијата „Скенер 2“ приведени 49 лица

    Во полициската акција „Скенер 2“, во Србија  се приведени  49 лица осомничени за мито и корупција, перење пари и други видови стопански криминал. Сите осомничени го оштетиле буџетот на Србија за 7,6 милиони евра во периодот од 2007-ма година до денес.

  • Свет 15.04.2016 13:42

    Чешка: Поедноставна форма на името

    Чешките власти повеќе не сакаат официјалното име на земјата, која многу држави ја нарекуваат Чешка Република, да биде несоодветно кратено и изобличувано и ќе побараат од ОН да биде регистрирана поедоставена форма на нејзиниот назив, кој официјално ќе се користи во сите земји.

  • Свет 15.04.2016 13:12

    Турција: Приведени припадници на „Ал Нусра“

    Турски полицајци од силите за борба против тероризмот во Адана, Јужна Турција, привеле 11 осомничени припадници на ал нусра.

Pages