Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел изразија денеска загрижност поради неодамнешниот пораст на насилства во Сирија и се согласија дека трајното решение може да биде само политичко.
-
Свет 24.04.2016 20:17
-
Свет 22.04.2016 16:02
Светот се збогува со Принц
Годинава светот се збогува со уште една музичка ѕвезда. Светски познатиот музичар Принц почина на 57 години од засега непознати причини. Неговото тело било пронајдено во домот во Минесота. Обожавателите, меѓу кои е и режисерот Спајк Ли, организираа забава во Бруклин во негова чест.
-
Свет 22.04.2016 14:55
Голем бран урна велосипедска патека во Рио
Две лица загинаа при уривање на крајбрежна велосипедска патека во Рио де Жанеиро. Во моментот кога пропаднала патеката на неа биле неколку велосипедисти, а морето било разбранувано што, според очевидците, е причинител за несреќата.
-
Свет 22.04.2016 14:33
Русија ја деминираше Палмира
Руската армија го деминираше древниот град Палмира откако силите на сирискиот режим изминатиот месец го зазедоа градот што беше под контрола на Исламска држава.
-
Свет 22.04.2016 13:21
Директорот на ЦИА во ненадејна посета на БиХ
Директорот на ЦИА, Џон Бренан пристигна во ненадејна посета на Босна и Херцеговина, објавија сараевските медиуми.
-
Свет 22.04.2016 12:39
Индија- транзит зона за џихадистите
Според полицијата во Мумбај, Индија се почесто се користи како транзитна зона за џихадисти во Сирија. Малдивите се една од земјите кои се претвориле во расадник на тероризмот и ја загрозуваат безбедноста на Индија.
-
Свет 22.04.2016 12:37
Турција: Тројца војници загинаа во експлозија на бомба
Тројца турски војници загинаа во експлозија на бомба крај пат во југозападната турска провинција Тунџели.
Во тој регион се водат крвави пресметки меѓу армијата и бунтовниците од ПКК откако минатата година пропадна примирјето.
-
Свет 22.04.2016 11:49
Обама со Заливскиот совет за соработка разговораше за стабилизирање на Блискиот Исток
На состанокот во Ријад, претседателот на САД, Барак Обама заедно со Заливскиот совет за соработка разговораше за стабилизирање на Блискиот Исток.
На врвот на агендата се најде и борбата против Исламска држава и Ал-Каеда.
-
Свет 22.04.2016 10:42
Силен земјотрес повторно го погоди Еквадор
Нов земјотрес во Еквадор. Засега нема информации за загинати. Епицентарот на потресот од 6 степени по Рихтер бил на 100 километри северозападно од Портовехо.
Во претходниот земјотрес во Еквадор загинаа над 500 луѓе.
-
Свет 21.04.2016 14:55
Британската кралица Елизабета го прославува 90-от роденден
Британската кралица Елизабета го прославува 90-от роденден во Виндзор, во близина на Лондон, каде што се наоѓа кралскиот замок. Годинава на забавата ќе присуствува и американскиот претседател Барак Обама.










