• Свет 29.03.2016 10:31

    Ослободени речиси сите патници од киднапираниот авион

    Сите патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, освен седуммината членови на екипажот и четворица странци, кои според извештаите на медиумите се Европејци.

  • Свет 29.03.2016 10:22

    Престрелка предизвика затворање на американскиот Конгрес

    66-годишниот Лари Расел Доусон од Тенеси се обидел да влезе во Центарот за посетители на американскиот Конгрес, но пиштолот што го носел бил забележан на металниот детектор. Откако бил откриен, напаѓачот го вперил пиштолот во полицајците, по што бил ранет, приведен и пренесен во болница.

  • Свет 29.03.2016 09:48

    ОАЕ: Пожар во виосококатница во Ајман

    Голем пожар изби во една висококатница во Обединетите Арапски Емирати, во градот Ајман.

    Полицијата го потврди инцидентот, но не откри дали има жртви. На социјалните мрежи се појавија фотографии од пожарот на кои се гледа како пламенот се шири од едната страна на зградата.

  • Свет 28.03.2016 17:12

    Кери: Претседателските избори се срамота за нашата држава

    Хаосот што го предизвикаа некои изјави во изборната кампања на претседтаелксите кандидати е срамота за нашата држава особено, изјави државниот кандидат Џон Кери. 

  • Свет 28.03.2016 15:22

    Во Ротердам уапсен французин осомничен за планирање терористички напад

    Холандското обвинителство соопшти дека на барање на француските власти, во Ротердам е уапсен 32-годишен французин, осомничен за учество во планирање на терористички напад.

  • Свет 28.03.2016 11:13

    Бан Ки-Мун го осудува терористичкиот напад во Пакистан

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, го осуди вчерашниот самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре, при што загинаа над 70 лица, а 200-те беа повредени.

    Бан Ки-Мун повика „извршителите на овој ужасен терористички акт што побрзо да бидат изведени пред суд“.

  • Свет 28.03.2016 11:06

    Кери: Европа да ги спречи евентуалните нови напади

    Европа под итно треба да ги спречи евентуалните нови напади на екстремистите по оние во Брисел, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

  • Свет 28.03.2016 10:48

    Билансот на загинати во нападите во Брисел достигна 31 лице

    Билансот на загинатите во самоубиствените бомбашки напади од 22-ри март на аеродромот и метрото во Брисел достигна 31 лице, соопшти Белгискиот кризен центар.

    Во оваа бројка не се вклучени тројцата напаѓачи самоубијци. Досега е утврден идентитетот на 28 загинати.

  • Свет 26.03.2016 10:56

    Хејден: ЕУ има пропусти во безбедноста

    Поранешниот директор на ЦИА и на воената Американска Национална Агенција- НСА, Мајкл Хејден смета дека Европа греши при почитувањето на приватноста и транспарентноста на сметка на безбедноста.

  • Свет 25.03.2016 16:56

    Убиен заменик- командантот на ИД

    Американците во операција во Сирија го убиле заменик – командантот на Исламска држава.

    Џихадистот Абдул Раман Мустафа е ликвидиран, а деталите за акцијата попладнево се очекува да ги соопшти американскиот секретар за одбрана, Еш Картер.

Pages