Украинскиот пилот Надја Савченко, којашто рускиот суд ја осуди на 22 години затвор поради убиството на двајца руски новинари, почна штрајк со глад и со жед.
-
Свет 06.04.2016 15:29
-
Свет 06.04.2016 13:55
САД го поздравија примирјето во Нагорно Карабах
Соединетите Американски Држави го поздравија примирјето кое стапи на сила во Нагорно Карабах, по ескалацијата на насилството во претходните денови.
-
Свет 06.04.2016 12:39
Оланд: Не може да се повтори бегалскиот прилив од 2015
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека не постои никаква можност приливот на бегалци од лани да се повтори и оваа година.
-
Свет 06.04.2016 11:57
„Мосак Фонсека“: Жртви сме на внатрешен хакерски напад
Адвокатот Рамон Фонсека, од чија што фирма „Мосак Фонсека“ беа разоткриени 11,5 милиони документи за перење пари и затајување данок од страна на богати и влијателни луѓе ширум светот, соопшти дека компанијата била жртва на внатрешен хакерски напад, додавајќи дека поднел тужба до обвинителството.
-
Свет 06.04.2016 10:23
Круз и Сандерс- победници на прелиминарните избори во Високнсин
Републиканецот Тед Круз и Демократот Берни Сендерс се победници на прелиминарните избори во американската сојузна држава Висконсин. Со убедливата победа сенаторот Тед Круз го запре напредокот на Доналд Трамп во освојување на 1237 делегати за номинацијата на Републиканската партија.
-
Свет 05.04.2016 16:33
Панама: Правосудтвото отвора криминална истрага за даночното затајување
Правосудството на Панама отвора истрага за да ги испита наводите за даночно затајување и перење пари кои се дел од објавените документи.
-
Свет 05.04.2016 13:24
16 загинати азербејџански војници во Нагорно Крабах
Во изминатите два дена во Нагорно Карабах загинале 16 припадници на азербејџанската армија, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан. Ерменската телевизија, пак, јави дека во судирите се убиени 20 припадници на војската, а ранети се 72-ца.
-
Свет 05.04.2016 12:30
Црвена тревога поради енормната загаденост во Мексико Сити
Властите на мексиканскиот главен град прогласија еколошка тревога поради загадувањето на воздухот од 1,5 пати над дозволената граница, само неколку часа пред воведувањето на непопуларната мерка за намалување на автомобилите на улиците.
-
Свет 05.04.2016 11:49
Сѐ повеќе Кубанци се обидуваат да мигрираат во САД
Американската крајбрежна стража вратила 44-ца кубански мигранти кои се обиделе преку Атланскиот Океан да пристигнат до брегот на САД.
-
Свет 05.04.2016 11:18
Два патнички авиони се судрија на аеродромот во Џакарта
Два патнички авиона се судрија на пистата на аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта. Нема податоци за повредени лица. Инцидентот се случил на воениот дел од аеродром кој се користи и за цивилни летови.










