Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека ќе бидат испратени три воени бродови на британските сили коишто ќе учествуваат во операции на НАТО во Егејското Море против криумчарењето мигранти.
-
Свет 07.03.2016 12:55
-
Свет 07.03.2016 12:02
Северна Кореја: Превентивен напад доколку се спроведат вежбите
Северна Кореја се закани со „превентивен нуклеарен удар на правдата“ против Јужна Кореја и САД доколку ги спроведат денешните планирани заеднички воени вежби.
-
Свет 07.03.2016 10:58
САД градат две воено-воздухопловни бази во северна Сирија
САД речиси ја завршија изградбата на воено-воздухопловна база во северна Сирија, на територијата под конторола на Курдите и напредуваат со изградбата на втора база за двојна употреба, цивилна и воена.
-
Свет 07.03.2016 10:44
Виена: 20 тони помош за мигрантите во Грција
На почетокот на неделата Aвстрија ќе испрати 20 тони помош за Грција, со цел полесно да се избори со мигрантската криза, најави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.
-
Свет 07.03.2016 10:04
Самит во Брисел: Се очекува одлкука за затворање на балканската рута
Лидерите на ЕУ, на денешниот вонреден самит во Брисел, посветен на мигрантската криза, се очекува да донесат одлука за затворорање на рутата за бегалците долж Балканските земји, како дел од напорите за запирање на нивното препраќање од Грција кон централна Европа.
-
Свет 07.03.2016 09:58
Престрелка во фабрика во Сиднеј
Едно лице загина, додека две се повредени во престрелка во фабрика во западниот дел на Сиднеј.
Областа околу фабриката во која се случил инцидентот е блокирана и во тек е операција на терен во која учествуваат преговарачи.
-
Свет 04.03.2016 16:03
Четири години затвор за смртта на 3-годишниот Ајлан
50 месеци затворска казна добија двајца сириски шверцери поради смртта на тригодишното сириско момченце Ајлан Курди и за уште четворица. Судот ги прогласи за виновни за шверц со луѓе, но, ги ослободи од обвинувањето дека смртта ја предизвикале со намерно запоставување.
-
Свет 04.03.2016 14:56
Индонезија: Потона патнички траект во близина на Бали
Повеќе од 50 луѓе се спасени од патнички траект којшто тоне меѓу индонезиските острови Бали и Јава. Спасувачките служби се обидуваат да утврдат дали се евакуирани сите патници и членови на екипажот.
-
Свет 04.03.2016 13:34
Шпанската полиција запленила 20.000 униформи за исламисти
Шпанската полиција запленила околу 20.000 воени униформи наменети за џихадистите во Сирија и во Ирак.
Униформите биле пронајдени во контејнери на пристаништата во Валенсија и во Аликанте.
-
Свет 04.03.2016 12:37
Оланд: Напуштањето на ЕУ ќе има последици за Британија
Франција ја предупреди Велика Британија дека евентуалното напуштање на ЕУ, нема да остане без последици за британците, особено во поглед на економијата и на имиграцијата.










