Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според рихтеровата скала денеска е регистриран крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја.
Епицентарот бил на 46 километри под морското дно, на 170 километри југоисточно од градот Рабаул.
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според рихтеровата скала денеска е регистриран крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја.
Епицентарот бил на 46 километри под морското дно, на 170 километри југоисточно од градот Рабаул.
Шумски пожар веќе пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес, во близина на источниот дел на Андите.
Досега се уништени 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.
Во Кина се амнестирани 31.527 затвореници, меѓу кои и учесници во граѓанските војни во 30-те и 40-те години од минатиот век. Одлуката за амнестирање на затворениците била донесена во август минатата година, по повод годишнината од завршувањето на Втората светска војна.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, би можел да им се приклучи на сириските преговори закажани за 29 јануари.
Сириската војска презела контрола врз стратешки важен град во јужната провинција Дера по жестоки судири со бунтовниците.
Опсерваторијата за човекови права соопштува дека судирите и натаму траат во западните делови на градот Шеик Маскин во јужните делови на земјата.
Најмалку 50 лица настрадаа на Тајван, додека во Јужна Кореја 60 илјади туристи останаа заробени на аеродромите поради откажување на летовите, како последица на студениот бран, што ја погоди источна Азија.
Турската полиција уапси 10 лица за кои постои сомнеж дека врбувале борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.
Антитерористичката операција била спроведена рано изутринава, но во извештајот на Агенцијата не се посочува каде е изведена.
Министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската унија во Амстердам на неформален состанок, ќе ги разгледуваат опциите за продолжување на времените гранични контроли во Шенген зоната, со цел да се контролира приливот на мигрантите.
Во источниот дел на САД почна расчистување по силното снежно невреме, што го погоди регионот во текот на викендот. Снежната покривка, која во Вашингтон достигна и до 90 сантиметри, го стопира поголемиот дел од сообраќајот во Њујорк и поплави дел од Њу Џерси.
Универзитoтот Еребро кој се наоѓа во централна Шведска денеска ќе остане затворен поради анонимна закана која поттикна стравувања од можен масакр.