Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер е регистриран изутрината меѓу Мароко и Шпанија.
Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета, а нема опасност ниту за цунами.
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер е регистриран изутрината меѓу Мароко и Шпанија.
Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета, а нема опасност ниту за цунами.
Џихадистите од Исламска држава објави видеоснимка, која, како што тврдат, ги покажува последните зборови на деветмината напаѓачи кои на 13 ноември минатата година во Париз убија 130 лица.
Продолжува голготата на бегалците. Нова трагедија во Егејското море. Најмалку 42-ца загинаа, повеќемина се водат за исчезнати во два одделни инцидента откако потонаа бродовите што требаше да ги одведат мигрантите до посакуваната дестинација. Меѓу загинатите има седумнаесет деца.
Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц изјави дека одлуката на Виена да постави горна граница на бројот на баратели на азил кои ќе ги прими претставува „повик за будење“ за Европа да најде заедничко решение за мигрантската криза.
Авион на скандинавската компанија САС со 72-лица, кој летал на линија Лондон-Стокхолм бил пренасочен кон Гетеборг поради закана за бомба.
Вкупно 900 осуденици беа ослободени вчера попладне од албанските затвори, откако во сила стапи Законот за амнестија, додека 8 илјади, кои биле осудени пред 30 ноември 2015 година, добија намалување на казните.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека најмалку 21 лице загинало во два одделни инциденти со потонати чамци крај бреговите на грчките острови во текот на изминатата ноќ.
Десет лица преживеале, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на уште преживеани.
Најмалку три лица загинаа во изобилните снежни врнежи во повеќе региони на источниот брег и во централниот дел на САД.
Во текот на денешниот ден и утре, наместа се очекува снежна покривка и до 60 сантиметри, особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.
Шест лица, вклучувајќи тројца полицајци загинааа, а 17 лица беа повредени во експлозија на бомба во Каиро, во туристичкиот кварт Гиза.
Полицајците спроведувале рација во стан на осомничени екстремисти, кои во тој момент подготвувале бомба која детонирала.
Најмалку 20 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во напад на припадниците на исламистичката група Ал-Шабаб врз популарен ресторан во Могадишу, главниот град на Сомалија.