Бугарската гранична полиција во близина на границата со Турција пукала врз еден мигрант по што тој починал на пат кон болницата.
-
Свет 16.10.2015 10:48
-
Свет 15.10.2015 16:49
Путин: САД нè критикуваат за Сирија, а одбиваат дијалог
Рускиот претседател Путин смета дека одлуката на официјален Вашингтон да ги попречува руските напори за дипломатско ангажирање за Сирија не е конструктивна и укажува на недостиг од волја за разговор.
-
Свет 15.10.2015 13:50
ЕУ денеска ќе расправа за бегалската криза
Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел, ќе се обидат да изнајдат решение за актуелната бегалска криза. Фокусот на самитот ќе биде врз соработката со земјите надвор од границите на ЕУ со цел да дојде до разрешување на најлошата бегалска криза уште од Втората Светска војна.
-
Свет 15.10.2015 12:27
Централа „Сендаи“: Обновена работата на вториот нуклеарен реактор
Во Јапонија денеска е пуштен во експлоатација нуклеарен реактор што се наоѓа во близина на активен вулкан. Тоа е вториот реактор во земјата, што ја обновува работата со нови построги безбедносни правила, усвоени по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.
-
Свет 15.10.2015 12:15
Њујорк: Една жртва во пукотница на студентски кампус
Најмалку едно лице загина, а едно е повредено во пукотница во студентско гратче на универзитетот во Сиракуз, во американската сојузна држава Њујорк.
-
Свет 15.10.2015 12:12
Израел- Палестина: Абас бара меѓународна интервенција
Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара итна меѓународна интервенција за да се спречи нова војна на Блискиот Исток. Во најновиот бран насилство меѓу израелците и палестинците се убиени се најмалку 38 лица - 31 палестинец и седум израелци.
-
Свет 15.10.2015 11:57
Папата Франциск: Aлчноста го турка светот во пропаст
Римокатоличкиот поглавар Франциск во интервју за „Пари и мач“ го повика светот да го отфрли „идолопоклонството на парите“ затоа што човечката алчност го води општеството во пропаст.
-
Свет 15.10.2015 11:51
Брисел: 401,3 милиони евра за справување со бегалската криза
Европскиот парламент даде зелено светло за нови 401,3 милиони евра за справување со имиграциската криза. Одделувањето на средствата било предложено од ЕК и одобрено од буџетската комисија на ЕП.
-
Свет 15.10.2015 11:14
Хилари Клинтон доминираше во првата дебата на демократите
Хилари Клинтон е најсериозниот кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016-та. Клинтон покажа слабо познавање на економијата и справувањето со климатските промени, но доминираше во однос на надворешната политика.
-
Свет 15.10.2015 11:07
Хрватска: Легализирана марихуана за медицински цели
Во Хрватска од денеска ќе може да се користи канабис сатива, односно марихуаната за медицински цели според правилникот на Министерството за здравство, со кој се дозволува употребата за заболени од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.










