Сириската војска и нејзините сојузници, иранските сили и Хезболах се подготвуваат за копнена офанзива против бунтовниците во Алепо, со руска поддршка од воздух, изјавиле анонимни функционери.
-
Свет 14.10.2015 16:57
-
Свет 14.10.2015 15:19
Тројца шефови во турската полиција суспендирани поради безбедносни пропусти
Тројца шефови во турската полиција се суспендирани од работа поради безбедносни пропусти за време на митингот кога загинаа 97 лица, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
-
Свет 14.10.2015 15:15
Израел: Зголемено нивото на безбедност
Зголемено ниво на безбедност во Израел. Владата реши да испрати војници да патролираат низ улиците на Ерусалим, а полицијата доби поголеми овластувања да поставува барикади во делови каде што ескалира насилството.
-
Свет 14.10.2015 11:19
САД: Почна серијата дебати на претседателските кандидати
Почнаа серијата дебати на американските кандидати за претседател. Двајцата главни противници Хилари Клинтон и Берни Сандерс влегоа во жесток дуел за контрола врз оружјето и војната во Сирија.
-
Свет 14.10.2015 11:07
Русеф: Опозицијата сака да дојде на власт преку државен удар
Претседателката на Бразил, Дилма Русеф ја обвини опозиција, дека сака да дојде на власт преку државен удар.
-
Свет 14.10.2015 11:04
ИД се закани дека ќе ја порази Русија
Со видео порака објавена на сајтот на Исламска држава, џихадистите се заканија дека ќе ја поразат Русија, која еден месец интензивно ги напаѓа нивните упоришта.
Потпаролот на ИД, Ал Аднани ги повика сите муслимани да почнат Џихад против Русија и Америка.
-
Свет 13.10.2015 14:57
Расте тензијата во Израел
Тројца загинати и голем број ранети во најновиот бран насилства. Двајца напаѓачи отвориле оган и нападнале со нож патници во автобус во Ерусалим - убиле двајца и раниле уште 16-мина.
-
Свет 13.10.2015 13:11
Холандските истражители ќе го објават конечниот извештај за малезискиот авион
Холандските истражители треба да го објават конечниот извештај за трагедијата на малезискиот авион на летот МХ-17. Лани во јули беше соборен среде руско-украинскиот конфликт во источна Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.
-
Свет 13.10.2015 11:56
Голема експлозија во кинескиот град Тијанцин
Нова голема експлозија во кинескиот град Тијанцин, само два месеци по несреќата кога во детонација на хемикалии загинаа 165 луѓе. Повторно експлодираше складиште за алкохол и други супстанци, по што избувнал пожар.
-
Свет 13.10.2015 11:34
„Дел“ ја направи наjголемата технолошка зделка на сите времиња
„Дел“, третиот по големина производител на персонални компјутери, ја купи компанијата за чување податоци „ЕМЦ“ за 67 милијарди долари, со што ја направи најголемата технолошка зделка на сите времиња.










