Припадниците на Исламска држава ја разнеле Триумфалната капија, еден од најзначајните споменици во древниот сириски град Палмира. Во тој град џихадистите претходно уништија и едно светилиште и храм стар 2 илјади години.
-
Свет 05.10.2015 11:22
-
Свет 05.10.2015 11:02
Пожар во прифатен центар за бегалци во Германија
Непознати лица предизвикале пожар во прифатен центар за бегалци во општината Фрамар, во германската покраина Турингија. Биле запалени тоалетите, поставени пред фискултурната сала, во која се сместени 10 бегалци.
-
Свет 05.10.2015 10:30
Франција: 17 загинати во силното невреме на Азурниот брег
Бројот на настрадани во невремето што во текот на викендот го погоди југоистокот на Франција се искачи на 17, а четворица се водат како исчезнати. Во силната бура на Азурниот брег, кадешто се уште трае туристичката сезона, за само три часа наврнале 180 милиметри дожд.
-
Свет 02.10.2015 13:29
Руските напади врз цели на ИД можат да траат 3-4 месеци
Руските воздушни напади на цели на Исламска Држава можат да траат три до четири месеци, изјави претседателот на Комисијата за меѓународни односи, Алексеј Пушков. Ако дејствуваме поефикасно, резултатите ќе дојдат брзо, додаде Пушков.
-
Свет 02.10.2015 10:33
Се урна американски воен авион во Авганистан, најмалку 14 загинати
Најмалку 14 луѓе загинаа, откако се урна авион на Американската армија, на аеродромот Џалалабад во Авганистан.
-
Свет 02.10.2015 10:21
Украдени лични податоци на 15 милиони претплатници на „Ти- мобајл“ во САД
Во сајбер напад, украдени личните податоци на 15 милиони претплатници на американскиот мобилен оператор „Т- Мобајл“ филијалата на германската компанија Дојче телеком.
-
Свет 02.10.2015 10:13
Верски мотиви причина за нападот во Орегон
Верска нетрпеливост е најверојатно причина за вчерашниот масакр во колеџот во Орегон во кој девет студенти го загубија животот, а седуммина беа повредени. Полицијата го идентификуваше напаѓачот 26- годишниот Крис Харпер од Велика Британија.
-
Свет 01.10.2015 13:31
Бројот на мигранти на Лезбос поголем од локалното население
Бројот на бегалците кои минале преку грчкиот остров Лезбос е три пати поголем од локалното население, соопшти грчката полиција. Од почетокот на годинава преку островот минале 186 илјади 720 мигранти.
-
Свет 01.10.2015 13:26
Средба за бегалската криза по иницијатива на Могерини
По иницијатива на европретставничката за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, следната недела во Луксембург ќе биде одржана средба за бегалската криза на која ќе присуствуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од Западен Балкан.
-
Свет 01.10.2015 13:18
Сирија- главна тема на средбата меѓу Кери и Лавров
Жестоките напади на руските воздухоловни сили врз цели на Исламска држава ја зголемија тензијата на релација Москва- Вашингтон.










