Дел од ланската берба на американски јаболка биле заразени од листерија и затоа Тајланд, Филипини и Малезија го забранија нивниот увоз. Здравствените власти добиле потврда за листеријата и од Агенцијата за храна на САД.
-
Свет 05.03.2015 15:12
-
Свет 05.03.2015 13:50
Во Франција од грип починале над 8.500 лица
За 19% повеќе смртни случаи поради грипот во споредба со претходните години, соопштуваат здравствените власти во Франција. Вирусот што циркулира оваа година се покажал како поопасен, особено за лицата над 65 години, информираат од Институтот за здравствена грижа.
-
Свет 05.03.2015 13:15
Руската полиција ги има снимките од убиецот на Немцов
Руската полиција ги има снимките на кои можат да се видат напаѓачите на опозиционер Борис Немцов, соопшти руската телевизија РЕН ТВ.
Претходно беше објавено дека полицијата го нашла автомобилот со кој избегале убијците.
-
Свет 05.03.2015 12:25
Нападнат американскиот амбасадор во Сеул
Американскиот амбасадор Марк Липерта во Сеул е нападнат од непознат маж, кој со нож му нанел повреди на лицето.
За време на инцидентот мажот извикал дека Јужна и Северна Кореја треба да се обединат и потоа го извршил нападот. Полицијата веднаш го уапсила.
-
Свет 05.03.2015 12:22
ООН: Економските загуби од природните катастрофи достигнуваат 300 милијарди долари
Светските економски загуби од природните катастрофи како земјотреси, поплави и циклони, достигнуваат од 250 до 300 милијарди долари, се вели во најновиот извештај на Обединетите нации.
-
Свет 05.03.2015 09:30
Расте јазот меѓу САД и Европа околу големината на воениот буџет
Се повеќе расте јазот меѓу Соединетите Американски Држави и европските сојузници околу големината на воениот буџет, па затоа НАТО треба да размисли за реформи, сметаат американски експерти во Вашингтон, кои ги спомнаа Бугарија, Британија, Латвија и Летонија како дел од земјите членки кои помалку
-
Свет 04.03.2015 16:53
Експлозија во рудник во Доњецк: Неизвесна судбината на десетици затрупани рудари
Повеќе од 30 луѓе загинаа во експолозија на најголемиот рудник во Донбас, додека пак се уште е неизвесна судбината на повеќе десетици рудари затрупани на околу 200 метри под земјата. До сега нема никаква комуникација со нив.
-
Свет 04.03.2015 15:26
Авион на Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата
Авион Ербас 330 на компанијата Туркиш Ерлајнс ја промашил пистата и слетал во поле во близина на Катманду.
Според првичните информации лизгавата писта и маглата се причините за несреќата.
-
Свет 04.03.2015 15:22
ИДИЛ зазеде две нафтени полиња во Либија
Екстремистите од Исламска држава зазедоа две нафтени полиња во Либија, соопшти претставник на една од нафтените компании. Безбедносната состојба во Либија е хаотична по падот на Гадафи во 2011-та.
-
Свет 04.03.2015 10:06
Рударска несреќа во близина на Доњецк
Повеќе од 30 лица загинаа во експлозија во рудникот Засјадко во Доњецк, соопшти шефот на безбедносните служби на рудникот Владимир Цимбаљенко.










