• Свет 12.03.2015 15:17

    Грците ќе запленуваат германски имот како компензација за воени репарации?

    Заострува реториката во комуникацијата меѓу јужниот сосед и Европската Унија. Наспроти грчкиот долг, односот дополнително го компликуваат санкциите кон Русија, барањето за репарации од Германија и заканата дека Грција ќе ги отвори своите граници за нелегалните мигранти.

  • Свет 12.03.2015 14:56

    Ескалира расното незадоволство во САД

    Аматерски видео снимки на интернет се обидуваат да фрлат светлина врз најновото пукање во Фергусон, градот во фокусот на антирасистичките протести. Одекнале три истрели, а целта била полицијата.

  • Свет 12.03.2015 13:39

    Кремљ: Путин не е болен

    Москва ги одбегнува гласините дека рускиот претседател Владимир Путин е болен. Тие се појавија по одложувањето на неговата посета на Казахстан.

  • Свет 12.03.2015 13:37

    Германската левица ја критикува Меркел

    Германските левичари ја осудуваат одлуката на Ангела Меркел да не присуствува на свечената парада на денот на победата 9-ти Мај во Москва. Сметаат дека германската канцеларка со тоа одбегнува да оддаде нужна и полна почит  за 65-те милиони жртви во Втората светска војна.

  • Свет 12.03.2015 13:30

    Слетале на Земјата по 167 дена во космосот

    Тројца космонаути успешно слетале на Земјата по 167 дена поминати на Меѓународната космичка станица.

  • Свет 12.03.2015 13:04

    Хрватите подоцна во пензија

    Хрватите ќе одат во пензија на 67 годишна возраст. Европската комисија ја принуди Хватска десет години порано од најавеното да ја крене старосната граница за пензионирање. Наместо во 2031-ва , со навршени 67 години ќе се оди во пензија во 2021-ва.

  • Свет 12.03.2015 10:07

    Застрелани двајца полицајци во Фергусон

    Двајца полицајци се застрелани пред полициската станица во Фергусон, градот кој е во фокусот на антирасистичките протести. Непознат напаѓач отворил оган за време на протест против полициската бруталност. Толпата штотуку почнала да се растура по кус судир со полицијата кога одекнале истрелите.

  • Свет 11.03.2015 18:08

    Филмски грабеж на дијаманти во Франција

    Грабеж како на филм. Група од 15 вооружени крадци на автопатот А6 што ги поврзува Париз и Лион пресретнале конвој возила кои превезувале скапоцени предмети, дијаманти, накит, уметнички дела, ги исфрлиле возачите од возилата и заминале во непознат правец.

  • Свет 11.03.2015 15:26

    Јапонија: Четири години од катастрофалниот земјотрес и цунами

    Јапонија ја одбележува четири годишнината од катастрофалниот земјотрес и цунами кои однесоа илјадници животи и предизвикаа нуклеарна криза. Комеморации се одржуваат во повеќе градови кои беа уништени при налетот на природната катастрофа.

  • Свет 11.03.2015 15:20

    Меркел одбила да учествува на прославата на 9 Мај во Москва

    Германската канцеларка Ангела Меркел нема да учествува на официјалната церемонија по повод  70-годишницата на завршувањето на Втората светска војна во Москва, поради напнатоста во Украина, изјавиле претставници на германската влада.

Pages