Привремениот одбор одобри ослободување на Војислав Шешељ од Хашкиот трибунал. Државата Србија испрати гаранции, но преостанува уште со одлуката да се согласи и самиот лидер на радикалите.
-
Свет 06.11.2014 19:28
-
Свет 06.11.2014 17:34
Бојко Борисов потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада
ГЕРБ на Бојко Борисов потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада по едномесечни преговори, соопштија бугарски официјални претставници. Документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ и од лидерите на пет мали партии во составот на реформскиот блок.
-
Свет 06.11.2014 16:45
Републиканците стануваат камен на сопнување за политиката на Обама
Како никогаш досега, во битката за Конгресот, републиканското торнадо ја збриша несигурната изборна кампања на американските демократи.
-
Свет 06.11.2014 16:29
Јункер на удар поради даночениот скандал
Речиси сите угледни европски медиуми го пренесоа извештајот на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство според кој малото кнежевство Луксембург им помогнало на големите корпорации да избегнат плаќање милијарди евра данок на матичните земји-пренесува Танјуг.
-
Свет 06.11.2014 15:23
Кина промовираше воз брз како авион
Супербрз воз, кој за еден час поминува 482 километри, со влечна моќност од 22 800 киловати, беше промовиран пред кинеската јавност пред една недела. Планирано е да се движи на релација Пекинг-Шангај.
-
Свет 06.11.2014 15:10
Синдикатите на големи демонстрации против мерките за штедење
Илјадници членови на синдикати пристигнуваат во Брисел на големи демонстрации против мерките за штедење на новиот десничарски центар на Шарл Мишел.
-
Свет 06.11.2014 15:06
ИД го ракетираше Кобане
Ракети беа истрелани од предградието на Кобане од област која беше заробена од Исламска држава. Траги од проектилите биле видливе и на турската граница. Со недели САД и коалицијата се обидува да ја разбие џихадистичката група.
-
Свет 06.11.2014 13:52
Откриен идентитот на човекот кој го уби Осама Бин Ладен
Морнаричката „фока“ која го уби Осама Бин Ладен од синоќа е откриена за јавноста. Роб О’Нил (38) извршил 400 борбени мисии и е одликуван 52 пати.
-
Свет 06.11.2014 13:46
Продолжува штрајкот во „Дојче Бан“
Вработените во германската железница Дојче Бан го продолжија штрајкот. По работниците од товарната железница, денеска им се приклучија колегите од патничкидел. Бараат поголеми плати. На работа ќе се вратат дури в понеделник.
-
Свет 06.11.2014 11:22
Сеуште нема одговор за исчезнатите суденти и наставници во Мексико
Десетици илјади луѓе маршираа во Мексико Сити. Бараат одговори за судбината на 43-цата исчезнати студенти и наставници за кои властите стравуваат дека се масакрирани од страна на полицијата која соработувала со членови на банди.










