Албанскиот премиер Еди Рама на вториот ден од официјалната посета на Србија со црвен ќилим пречекан на плоштадот во Прешево. Меѓу илјадници граѓани со албански знамиња имало и транспаренти на кои пишувало Прешево, Медвеѓа и Бујановац се Албанија.
-
Свет 11.11.2014 16:11
-
Свет 11.11.2014 14:03
Вулканската лава ја уништи првата куќа во Пахоја на Хаваите
Река од лава од вулканот Килауеа којашто со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоја, ја уништи и првата куќа-јавува Би-би-си. -
Свет 11.11.2014 12:45
Њујоршкиот лекар го победил ебола вирусот
По ригорозните тестови, лекарите заклучиле дека д-р Спенсер нема ебола вирус. По неговото закрепнување, официјално веќе нема заболени од ебола во САД, но, експертите се уште следат стотина луѓе.
-
Свет 11.11.2014 11:52
Стерилизацијата во Индија зема осум жртви
Над 80 жени кои се подвргнале на стерилизација во владиниот камп во дистриктот Биласпур почнале да чувствуваат компликации одма по интервенциите, проследени со опаѓање на пулсот, гадење и повраќање-пренесува Танјуг.
-
Свет 11.11.2014 10:45
Капетанот на потонатиот јужнокорејски фериброд осуден на 36 години затвор
Капетанот на ферибродот кој потона во април годинава при што 300 патници загинаа е прогласен за виновен и му е одредана казна затвор од 36 години, соопштија официјалните лица.
Обвинителите бараа смртна казна, но судот не го прифати предлогот.
-
Свет 10.11.2014 19:42
Професор по меѓународно право ќе ја раководи истрагата за корупција во Еулекс
Високата претставничка на Европската Унија Могерини му ја довери истрагата за корупција во Еулекс на професорот за меѓународно право Жан Пол Жак. Се очекува да ги достави резултатите и препораките за 4 месеци.
-
Свет 10.11.2014 19:39
Обама и Путин се сретнале во Пекинг
Претседателите на Русија и на САД се сретнаа на маргините на самитот за азиско-пацифичка економска соработка. Обама му пришол на Путин и разговарале само 5 минути, се претпоставува за Украина.
-
Свет 10.11.2014 17:29
Западен брег: 14-годишно израелско девојче избодено до смрт
14-годишно израелско девојче е избодено до смрт во најнов напад на Западниот брег. Напаѓачот е застрелан. Само неколку часа претходно Палестинец прободе војник во Тел Авив и беше уапсен.
-
Свет 10.11.2014 17:23
Мирис на расипани јајца ги вознемири жителите на Москва
Московјани ќе се онесвестеле од мирис на расипани јајца – пренесуваат руските медиуми. Над главниот град се појавил облак од хидроген сулфид. Најлошо било во близина на Кремљ, биле примени многу поплаки од пратениците кои живеат во близина.
-
Свет 10.11.2014 16:23
Боко Харам стои зад самоубиствениот напад во училиште во Нигерија?
Светот во шок по денешнотиот бомбашки напад во училиште во нигерискиот град Потискум. 47-мина загинати и се стравува дека бројот може да расте. Страотниот напад на бомбаш-самоубиец во средно училиште повреди 79-мина ученици и професори.










