САД ѝ дадоа едногодишен исклучок на Унгарија од санкциите за користење руска нафта и гас. Одлуката следува по состанокот Трамп – Орбан во Вашингтон.
-
Свет 08.11.2025 14:17
-
Свет 08.11.2025 13:15
Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцидот во Газа
Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и повеќемина функционери на Израел, обвинувајќи ги за геноцид и злосторства против човештвото во Газа.
Меѓу 37-те осомничени се министрите за одбрана и за национална безбедност и началникот на армијата.
-
Свет 08.11.2025 11:03
Русија ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
Руската војска ги интензивира воздушните напади врз гасните централи и електраните низ Украина. Има загинати и повредени. И натаму главна цел е освојување на важниот логистички центар Покровск на истокот.
-
Свет 08.11.2025 09:30
Трамп со исклучок за Унгарија од санкциите за руските енергенси
По средбата со унгарскиот премиер Орбан во Белата куќа, американскиот претседател Трамп сугерира оти би можел да направи исклучок со Унгарија во однос на санкциите што Вашингтон ги воведе на увозот на руска нафта.
-
Свет 07.11.2025 18:14
Во Вашингтон средба Трамп - Орбан
Во Вашингтон американскиот претседател на средба со унгарскиот премиер.
-
Свет 07.11.2025 12:11
САД ги намалуваат домашните летов - стотици летови откажани
Америка во колапс. Стотици летови откажани низ земјата како превентивна мерка на властите во зачувување на безбедноста во воздушниот сообраќај по продолжената блокада на владата која ги стави под притисок контролорите на летање кои работат без плата.
-
Свет 07.11.2025 11:00
САД изврши нов напад врз брод во Карибите
Нови тензии меѓу САД и Венецуела додека Вашингтон продолжува со военото засилување во Карибите. Американската војска повторно нападна брод при што загинаа три лица, за кој тврди дека бил поврзан со терористичка организација што шверцувала дрога.
-
Свет 07.11.2025 10:20
Намален бројот на летови во САД
Бројот на летови во САД намален на главните аеродроми низ земјата поради безбедносните проблеми предизвикани од блокадата на владата, што стави притисок врз контролорите на летање кои работат без плата. Стотици летови веќе откажани додека патниците нервозно чекаат на аеродромите.
-
Свет 07.11.2025 09:39
Израел ги интензивира нападите во Либан
Едно лице загина, а девет се повредени во израелски напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, кршејќи го едногодишното примирје. УНИФИЛ и САД предупредуваат дека нападите го загрозуваат мирот и цивилите, додека Израел најавува продолжување на операциите.
-
Свет 07.11.2025 08:45
Три жртви во тајфунот „Калмаеги“ во Виетнам
Тајфунот „Калмаеги“ се упати кон Камбоџа и Лаос, откако го погоди Виетнам со ветрови до 150 км/ч, земајќи најмалку три жртви.
Претходно бурата поплави цели градови на Филипините, при што загинаа 114 луѓе, а над 120 се исчезнати.










