• Свет 07.08.2025 08:46

    Додик најави референдум за својата функција

    Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави референдум за својата функција откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Шмит.

  • Свет 07.08.2025 08:15

    Трамп најави можна средба со Путин

    Американскиот претседател Трамп изјави дека постои голема веројатност да се сретне со Путин и Зеленски, по како што ги оцени, многу добрите разговори на неговиот претставник Виткоф и шефот на Кремљ во Москва.

  • Свет 06.08.2025 20:04

    Одземен претседателскиот мандат Милорад Додик

    Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница.

    Додик има право на жалба пред новите избори кои се очекува да бидат распишани во рок од 90 дена.

  • Свет 06.08.2025 19:31

    80 години од атомската бомба кај Хирошима

    Темниот звук на ѕвоното во меморијалниот центар во Хирошима го потсети светот на најцрните сенки во историјата на човештвото. Одбележани 80 години откако „малото момче“ го здроби милионскиот јапонски град, покажувајќи ја разорната моќ на атомската бомба.

  • Свет 06.08.2025 17:33

    Огнена стихија во Филипините зафатила 1.500 домови

    Голем пожар избувна во станбена област во главниот град на Филипините, Манила. Огнената стихија зафатила илјада и 500 домови, предизвикувајќи огромна штета и густ црн чад над населената област. Сè уште нема информации за евентуални повредени и жртви.

  • Свет 06.08.2025 15:07

    Едно лице загина во пожар во Франција

    Едно лице загина, деветмина се повредени во пожар во департманот Од во јужна Франција во една од најголемите огнени стихии регистрирани летово во земјата. Локалните власти соопштија дека огнот се шири многу брзо и досега зафатил над 12 илјади хектари.

  • Свет 06.08.2025 10:56

    Реакции по најавата за окупација на Газа

    Меѓународната заедница е сè позагрижена поради плановите на Нетанјаху за целосна окупација на Газа, што според Советот за безбедност на ОН би имало катастрофални последици.

  • Свет 06.08.2025 09:45

    Виткоф во Москва, напори за мировни преговори

    Американскиот специјален пратеник Виткоф пристигна во Москва по барање на Кремљ на разговори со раководството на земјата. Посетата е во услови со закани за санкции од Трамп доколку Русија не постигне мировен договор со Украина до петок.

  • Свет 06.08.2025 08:59

    80 години од нуклеарниот напад на Хирошима

    Со минутен молк и ѕвоно на мирот, во Хирошима се одбележа 80-годишнината од атомското бомбардирање во кое загинаа 140 илјади луѓе. Три дена подоцна, втора бомба беше фрлена врз Нагасаки, со 70 илјади жртви.

  • Свет 05.08.2025 20:02

    Тревога во Кина поради опасност од дождовни бури

    Над 76.000 жители во Пекинг се евакуирани во привремени засолништа како превентивна мерка поради дождовните бури.

Pages