Руската војска продолжува со напади низ Украина, Киев возвраќа. Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија.
-
Свет 07.11.2025 08:29
-
Свет 06.11.2025 15:52
Беснее војната во Украина
Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград, додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск биле опколени и повикани да се предадат.
-
Свет 06.11.2025 12:51
Расте бројот на жртви по „Калмаеги“
Бројот на жртви од поплавите предизвикани од тајфунот „Калмаеги“ во централните Филипини се искачи на 114, уште 127 лица се водат за исчезнати.
-
Свет 06.11.2025 11:35
Од утре во САД се намалуваат летовите за 10% на 40 прометни аеродроми
Блокадата на владата во САД ги принуди властите од утре да го намалат бројот на летови на 40 аеродроми. Причината е заморот и недостигот на контролори на летови кои веќе еден месец работат без плата. Мерката има цел да го намали товарот врз персоналот и доцнењата во воздушниот сообраќај.
-
Свет 06.11.2025 11:01
Врховниот суд ги преиспитува царините на Трамп
Врховниот суд на САД ја преиспитува одлуката на претседателот Трамп за глобални царини, повикувајќи се на закон од 1977 за вонредни овластувања.
-
Свет 06.11.2025 10:20
Блокадата во САД го парализира воздушниот сообраќај
САД од утре ги намалуваат летовите на 40 главни аеродроми поради блокадата на владата која трае повеќе од еден месец. Федералната администрација за воздухопловство ги наведува како причини недостигот и заморот на контролорите на летови, што предизвикува доцнења низ целата земја.
-
Свет 06.11.2025 08:48
Вратено уште едно тело во Израел, недостиг на помош во Газа
Уште едно тело на заложник е вратено во Израел, во Газа сè уште има останки на шест заробеници-вели Тел Авив. Додека жителите на енклавата се подготвуваат за зимата, ОН предупредуваа дека помошта што влегува е недоволна. Алармираат и за недостиг на шатори, ќебиња и материјали за засолништа.
-
Свет 06.11.2025 08:17
Руските сили напаѓаат, Киев возвраќа
Украинската војска нападна руска рафинерија за нафта во Волгоград додека експлозии потресоа неколку енергетски објекти. Русија објави дека украинските војници во градовите Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат.
-
Свет 05.11.2025 18:14
По пожарот во домот за стари лица, директорот утрово поднесе оставка
Страшна трагедија го погоди североисточниот босански град Тузла. Пожар избувна во дом за стари лица земајќи жртви и десетици повредени. По несреќата, директорот на домот Мирсад Бакаловиќ од морални причини си поднесе оставка.
-
Свет 05.11.2025 14:26
Мамдани: Соборивме политичка династија
Демократскиот социјалист Зохран Мамдани е избран за нов градоначалник на Њујорк. Тој ги освои гласовите со неговите планови за бесплатна грижа за децата, бесплатен автобуски превоз и замрзнување на кириите.










