Бројот на починати од ебола во западна Африка достигна 900 лица. Според извештајот на Светската здравствена организација, само во последните четири дена, смртносниот вирус одзеде 160 човечки животи во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија.
-
Свет 05.08.2014 17:10
-
Свет 05.08.2014 15:42
Вооружени учители се подготвуваат за стартот на учебната година
Почетокот на новата учебна година во САД е само за три недели, па невообичаено учителите се подготвуваат како да ги заштитат своите ученици со обука за носење оружје. Во Мисури е во тек обука на полигони за стрелање.
-
Свет 05.08.2014 11:25
По две децении примирје, повторно судири во Нагорно- Карабах
По 20 годишно примирје, нова ескалација на состојбата во спорниот Кавкаски регион, Нагорно-Карабах.
-
Свет 05.08.2014 11:22
Јапонија воведе санкции против Русија
Јапонија формално одобри дополнителни санкции за Русија кои вклучуваат замрзнување на имотот на 40 поединци и две групи коишто ги поддржуваат проруските сили во Украина и забрана за увоз на производи од Крим.
-
Свет 05.08.2014 10:49
Турција: Продолжуваат апсењата во аферата за прислушување на Ердоган
Најмалку 25 полициски офицери од 14 покраини низ Турција се приведени во склоп на истрагата за шпионирањето и прислушувањето на премиерот Ердоган и неговите соработници.
-
Свет 05.08.2014 10:45
Тридневно примирје во Газа
Од изутринава во Газа е во сила ново, 72-часовно примирје, договорено во Египет, на средба со палестинските групи на која не присуствуваше израелски претставник.
-
Свет 04.08.2014 16:44
Светската јавност алармирана за проблемите со сурогат-родителството
Русокосо момченце со коси очиња, симптом на даунов синдром и една приказна дека крвната врска не е секогаш најсилната љубов. 7-месечниот Гами дели чудна судбина со 21-годишната Џанбури, неговата сурогат мајка.
-
Свет 04.08.2014 12:11
Најмалку 376 жртви во вчерашниот земјотрес во Кина
Најмалку 376 лица загинаа, а околу 2.000 се повредени во земјотресот со сила од 6, 5 степени според Рихтер што ја погоди јужната кинеска провинција Јунан.
Според властите, станува збор за најтешкиот потрес во оваа област во последните 14 години.
-
Свет 04.08.2014 12:07
Расте бројот на украински бегалци во Русија
Портпаролот на руското министерство за вонредни состојби соопшти дека во последните 24 часа од пограничните украински градови во Русија избегале уште 1.000 лица, со што вкупниот број бегалци достигна над 42.000 луѓе.
-
Свет 04.08.2014 11:09
По банкрот на туристичкиот оператор, илијадници руски туристи „заглавија“ во Грција
Илјадници руски туристи се заглавени на грчки острови, пред се на Кос, на Крит, на Крф и најголем број на Родос, откако банкротира рускиот туроператор „Лавиринт“.










