• Свет 30.07.2014 18:45

    Бунтовниците го минираа приодот до соборениот малезиски авион

    Жестоки борби се водат во Доњецката област. Украинската војска напредува на теренот, проруските бунтовници го минираа приодот до соборениот малезиски боинг. Конфликтот се шири, САД и Европската унија со до сега најостри санкции против Русија од времето на студената војна.

  • Свет 30.07.2014 16:53

    Опасност: Еболата излезе од Африка

    Еболата излезе од Африка. Постои опасност болеста да се рашири низ светот откако 40-годишен заболен Американец успеал да се качи на два меѓународни лета иако имал симптоми, повраќал и имал температура. Патувал дури со 2 преполни меѓународни авиона од Либерија до Гана, а потоа и до Того.

  • Свет 30.07.2014 16:46

    Невреме во регионот: Торнадо во Хрватска, жртви во Бугарија и Романија

    Невремето повторно беснее во Хрватска. Во Оребиќ се формира торнадо кое од вода, преминува на копно, крши гранки и носи се пред себе. Среќа во целата ситуација е што торнадото беснеело во ненаселено место. Во Задар паднаа над 110 литри дожд.

  • Свет 30.07.2014 13:14

    Газа: Реки крв по улиците, урнати домови, преполни болници...

    Израелски авиони повторно со летоци ги предупредија цивилите во Газа да се евакуираат, но не се напаѓаат само тунелите и складиштата на Хамас. По тешка ноќ на крвопролевања, гранати одекнаа врз преполно училиште на Обединетите нации.

  • Свет 30.07.2014 12:05

    Три жртви во поплави во Бугарија и Рoманија

    Три лица загинаа, а повеќе од стотина беа принудени да ги напуштат своите домови, поради поплавите што зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.
     
  • Свет 30.07.2014 11:03

    Австралија не ги поддржува санкциите кон Русија

    Австралија нема да ги следи Европската унија и Соединетите американски држави во зголемувањето на санкциите против Русија, изјави австралискиот премиер Тони Абот.

  • Свет 30.07.2014 10:53

    Расте бројот на жртви во Газа

    Хамас и натаму одбива прекин на огнот,  израелската армија и натаму вели дека мета се центрите и оружјето на Хамас, а бројот на цивилни жртви од палестинска страна секојдневно достигнува нови рекорди. 
     
  • Свет 30.07.2014 10:20

    Расте довербата во ЕУ

    Според Евробарометарот, 42% од граѓаните на Европската унија сметаат дека нивниот глас се слуша во ЕУ, за спорeдба, во ноември  ланската година тоа го мислеа само 29% од испитаните.

  • Свет 29.07.2014 19:12

    ЕУ ги прошири санкциите кон Русија

    Европската унија ги прошири санкциите против Русија, врз нафтениот сектор, банките, оружјето и чувствителните технологии. Ќе се прошири и списокот на руски функционери на кои ќе им биде замрзнат имотот и забрането да патуваат.

  • Свет 29.07.2014 16:39

    Крвава ноќ - над 100 Палестинци загинаа во нападите на израелската армија

    Во до сега најкрвавата ноќ во Газа, над 100 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади од воздух, море и од копно. Цели седум семејства збришани, меѓу загинатите има и вработени на Обединетите нации. Во најава е зголемен притисок врз Хамас.

Pages