• Свет 29.07.2014 16:19

    Вилијамсон: Нема докази за трговија со органи вo Косово

    Главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, денеска во Брисел изјави дека не се најдени доволно докази оти на киднапирани лица насилно им биле вадени органи.
     
  • Свет 29.07.2014 11:52

    Словенија го возобнови планот за продажба на 15 државни компании

    Словенија објави дека го продолжува процесот за приватизација на 15 државни претпријатија, пред новата влада на земјата да стапи на должност, откако постапката беше времено прекината поради парламентарните избори во земјата.
     
  • Свет 29.07.2014 11:22

    Светските лидери со апел за прекин на огнот во Либија

    Лидерите на Германија, Грција, Велика Британија и на Италија, како и американскиот претседател Обама со апел за прекин на огнот во Либија.

    Шефовите го осудија насилството врз невините цивили и побараа решавање на конфликтот по мирен пат.

  • Свет 29.07.2014 11:01

    ЕУ денеска треба да донесе одлука за построги санкции кон Русија

    Претставници на Европската Унија денеска во Брисел треба да донесат одлука за спроведување построги санкции спрема Русија поради кризата во Украина.

  • Свет 29.07.2014 10:21

    Нова ескалација на состојбата во Газа

    Дваесет и втори ден од жестоките борби меѓи Израелската војска и екстремистите на Хамас. Апелите на ОН за итен прекин на огнот во појасот Газа не донесоа голем резултат, само неколку часа траеше примирјето меѓу завојуваните страни.

  • Свет 28.07.2014 17:59

    Украинската армија напредува кон местото на падот на малезискиот боинг

    Украинската војска го стега обрачот околу местото каде што се урна малезискиот боинг – влегоа во Торез и во Шахтарск, во тек се борби за Первомајск и Снижне. Меѓународната полиција втор ден не може да му пристапи на местото на несреќата.

  • Свет 28.07.2014 17:13

    Либија на прагот на граѓанска војната

    Либија е на прагот на граѓанска војната. Состојбата ескалира секој момент. Најмалку 38 луѓе загинаа во жестоките судири меѓу  либиската војска со радикалните групи во Бенгази.

  • Свет 28.07.2014 17:09

    Бебе извлечено од утробата на убиената мајка

    Рамазанско чудо се случи среде урнатините на Газа – бебе девојче извадено од стомакот на мајката убиена во израелски напад. И на празникот, со намален интензитет, се крши примирјето – израелската војска возврати на палестински ракетен напад врз Ашкелон.

  • Свет 28.07.2014 14:21

    ОН бара безусловен прекин на огнот во Газа

    Советот за безбедност во Њујорк на итна седница за состојбата во појасот Газа. Со декларацијата која е потпишана од сите 15 членки на Советот за безбедност се повикуваат двете завојувани страни да го прекинат огнот за време на празникот Рамазан Бајрам.

  • Свет 28.07.2014 14:18

    Во Либија повторно војна

    Либија одново во војна. Состојбата е алармантна поради жестоките судири меѓу војската и екстремистите во Бенгази и Триполи. Голем број земји ги затворија амбасадите и ги повикуваат своите граѓани да ја напуштат земјата или да не патуваат во Либија.

Pages