Холандски експерти пристигнаа во Доњецк, но ја одложија посетата на местото на несреќата на малезискиот боинг. Во јужниот дел од градот водат жестоки борби меѓу проруските бунтовници и војската, иако малезиската влада постигна договор со сепаратистите да дозволат пристап до местото.
-
Свет 27.07.2014 17:22
-
Свет 27.07.2014 16:47
Либија на работ од граѓанска војна
Најмалку 36 луѓе загинаа во судирите меѓу војската и исламистичките милитанти во центарот на Бенгази. Уште 23 загинаа во борбите за аеродромот во Триполи.
-
Свет 27.07.2014 16:44
Хамас прифати примирје со Израел
Хамас прифати 24-часовно примирје со Израел, откако Тел Авив го укина претходниот прекин на огнот поради непрекинатиот ракетен оган од Газа.
-
Свет 26.07.2014 18:56
Се откриваат нови тела под урнатините во Газа, бројот на загинати надмина 1000
Подобро да немаше примирје е помислата на жителите на Газа додека откриваат нови тела под урнатините. Уште 85 загинати и нивниот број се искачи на речиси илјада, главно цивили.
-
Свет 26.07.2014 18:41
Двојно убиство во Осијек
Двајца убиени во близина на трговски центар во Осијек. Полицијата не потврдува, но изгледа напаѓачот држи заложници. Локалот е опколен и во неколку наврати дојде до размена на оган.
Во тек се преговори. Неофицијално мотивот е љубомора, напаѓачот ја застрелал женаси и уште еден гостин.
-
Свет 26.07.2014 16:15
Француската војска се распоредува околу местото на несреќата на авионот на „Ел Алжир“
Француската војска објави видео снимка со распоредување на француските сили во Африка околу местото на несреќата на авионот на „Ел Алжир“, во регионот Госи во Мали. Во оваа несреќа загинаа 51 француски државјанин од вкупно 118 патници и членови на екипажот.
-
Свет 26.07.2014 16:06
Продолжуваат борбите во Појасот Газа, бројот на загинати надмина 900
И покрај најавеното дванаесет часовно примирје, на што се согласи Израел по посетата на државниот секретар Џон Кери, продолжија борбите во Појасот Газа. Тие се прелеваат на Западниот Брег кадешто во Бетлеем се судрија израелските воници и Палестинците.
-
Свет 25.07.2014 19:58
Нови инциденти и несреќи во авиосообраќајот
Авионот кој се движеше на релација Буркина Фасо- Алжир се урна на многу непристапен терен на северот од Мали. Во леталото имало 51 француски државјанин, претседателот Оланд ја потврди информацијата.
-
Свет 25.07.2014 17:02
Бан Ки-мун апелира за прекин на судирите меѓу Израел и Хамас
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денес упати апел до Израел и Хамас да ги прекинат судирите и остро да го осудат гранатирањето на училиште на ОН во Газа.
-
Свет 25.07.2014 11:54
Владимир Гројсман именуван за в.д. премиер на Украина
Вицепремиерот и министер за регионален развој на Украина, Владимир Гројсман е именувам за вршител на должноста украински премиер, по оставката на Арсениј Јатсењук.










