• Свет 24.07.2025 12:36

    Судир на границата меѓу Тајланд и Камбоџа

    Нарушен кревкиот мир меѓу Тајланд и Камбоџа. На шест локации на спорните точки по должината на граничната линија избувнаа меѓусебни судири. Има загинати и повредени. Двете страни со заемни обвинувања за почеток на конфликтот.

  • Свет 24.07.2025 11:34

    Беснее пожар на Кипар, најмалку две лица загинаа

    Голем пожар беснее на Кипар од средата. Уништени се цели населби, а најмалку две лица загинаа. Пожарникарите, поддржани од 13 авиони се борат со пламените јазици. Се очекува засилување од странство.

  • Свет 24.07.2025 10:26

    Киев и Москва договорија размена на воени затвореници и цивили

    Киев и Москва се согласија за размена на воени затвореници и цивили за време на вчерашната, трета рунда мировни преговори во Истанбул. Шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, изјави дека Украина е подготвена за примирје и ја повика Русија да покаже конструктивен и реалистичен пристап.

  • Свет 24.07.2025 09:55

    Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа

    Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница. Тајландски воен авион бомбардираше цели во Камбоџа, има загинати цивили. По неколку недели тензии и дипломатски притисоци Тајланд го повлече амбасадорот од Камбоџа.

  • Свет 24.07.2025 09:44

    25-ти самит ЕУ-Кина во Пекинг

    Во Пекинг 25-ти самит ЕУ-Кина. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретнаа со кинескиот претседател Кси Џјинпинг.

  • Свет 23.07.2025 12:56

    Хуманитарна криза, глад во Газа

    Во Газа, борбата за живот не се сведува единствено на засолништата и избегнувањето на смртоносните израелски проектили. Кога експлозиите стивнуваат, двата милиона жители, сега можеби и далеку помалку, се соочуваат со предизвикот на преживувањето.

  • Свет 23.07.2025 11:57

    Трговските преговори со САД се во тек

    Шефот на Белата Куќа објави дека е постигнат трговски договор со Јапонија со кој Токио ќе плаќа реципрочни царини од 15 проценти за стоки извезени во САД.

  • Свет 23.07.2025 11:03

    СЗО со детали за нападот во Газа

    Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф во посета на Блискиот Исток. САД се обидуваат да постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

  • Свет 23.07.2025 10:13

    Нова рунда преговори Киев – Москва во Истанбул

    Нова рунда преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул. Од Кремљ велат дека не очекуваат значителен напредок, а Русија не отстапува ниту од позициите ниту од првично поставените цели.

  • Свет 22.07.2025 19:00

    Најмалку 27 лица загинаа по падот на тренинг авион врз училиште во Дака

    Национална жалост во Бангладеш по падот на тренинг авион врз училиште во Дака. Најмалку 27 лица загинаа, а десетици се повредени. Според властите, кинески борбен авион удрил во петкатна училишна зграда пред да се сруши во зградата на кампусот, предизвикувајќи експлозија и пожар.

Pages