Сирија ќе ги одржи првите парламентарни избори под водство на новите власти помеѓу 15 и 20 септември. Една третина од 210-те места ќе бидат назначени од привремениот претседател Ахмад ал-Шара, а останатите ќе бидат индиректно избрани.
-
Свет 28.07.2025 15:39
-
Свет 28.07.2025 14:53
Почна доставата на хуманитарна помош во Газа
Звукот на воените транспортни авиони е најпосакуваниот меѓу жителите на Газа, пакет храна повеќе значи и неколку дена преживување меѓу прегладнетите. Реки народ се слеаја кон местата на достава, битката меѓу овие очајници е битка за брашно, шеќер и конзервирана храна.
-
Свет 28.07.2025 13:37
Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД
Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД откако воените сили на двете земји неодамна влегоа во судир.
Американскиот државен секретар Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот ќе помогне во мировниот процес.
-
Свет 28.07.2025 10:48
Воздушна тревога во поголемиот дел од Украина
Воздушна тревога во поголемиот дел од Украина. Најмалку осум лица се повредени во руски напад врз Киев.
-
Свет 28.07.2025 10:04
ЕУ и САД се договорија за тарифите
По недели на тензични преговори, Вашингтон и Брисел постигнаа рамковен договор за трговија и намалување на најавените царини. Претседателот Трамп и претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, во Шкотска, се согласија за американска царина за сите стоки од ЕУ од 15 проценти.
-
Свет 27.07.2025 17:37
Продолжуваат борбите на делови од спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа
Центрите за евакуација во Тајланд, во близина на границата со Камбоџа, продолжуваат да сместуваат голем број цивили кои избегале од вооружениот конфликт. Борбите, кои траат неколку ден, убија најмалку 33 лица, а раселени се повеќе од 168.000.
-
Свет 27.07.2025 13:09
Над 120 судири во еден ден на фронтот
Над 120 судири во еден ден на фронтовската линија помеѓу Украина и Русија, од кои најголемиот дел во Покровск, каде што руската војска извршила 55 напади во 24 часа.
-
Свет 27.07.2025 12:04
Се продлабочува хуманитарната криза во Газа
Утрово по експлозија облак од чад се издига над Појасот Газа. Претходно, израелската војска објави „тактичка пауза“ во борбите во три области на Газа за да се справи со влошената хуманитарна ситуација.
-
Свет 27.07.2025 10:41
„Тактичка пауза“ за да се достави помош во Газа
Израелската војска објави привремен прекин на огнот во три области на Газа, како одговор на влошената хуманитарна ситуација.
-
Свет 26.07.2025 19:00
Лекарите во Велика Британија почнаа петдневен штрајк поради платите
Илјадници лекари во државниот здравствен систем на Англија почнаа петдневен штрајк поради платите, за кој владата вели дека ќе ја наруши грижата за пациентите низ целата земја. Штрајкот се случува поради неуспешните разговори со владата.










