Нова тензична ноќ по нападот во Забјело. Во Подгорица се одржаа протести против мигрантите и Турците, без претходна пријава-вели полицијата.
Уапсени се 11 лица за поттикнување омраза и насилство, а во Бар беа демолирани ресторани.
Нова тензична ноќ по нападот во Забјело. Во Подгорица се одржаа протести против мигрантите и Турците, без претходна пријава-вели полицијата.
Уапсени се 11 лица за поттикнување омраза и насилство, а во Бар беа демолирани ресторани.
Примирјето во Газа повторно на тест. Десетици Палестинци загинаа во серијата израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот од страна на Хамас по нападот врз израелски војници на југот од енклавата.
Ураганот „Мелиса“ од петта категорија ја погоди Јамајка со ветрови од речиси 300 километри на час, оставајќи илјадници домови без струја, поплавени улиците, и свлечишта. Најсилната бура во модерната историја на земјата сега се движи кон Куба.
Зеленски ја обвини Кина за испорака машини за производство на оружје на Русија и помош во заобиколување на санкциите. Повика Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да ја запре агресијата.
Најмалку 33 Палестинци загинаа во серија израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот по нападот на Хамас врз израелски војници на југот од Газа. Трамп истакна дека примирјето не е во опасност, но треба да се почитува.
Јамајка на удар на „Мелиса“ — најсилната бура во светот годинава. Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи изобилни дождови, опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе зеде жртви по траекторијата на движење во северниот дел на Карибите.
Јамајка се подготвува за ударот на „Мелиса“ — најсилната бура во светот годинава. Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи обилни дождови и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе одзеде седум животи во северниот дел на Карибите.
Израел нема да дозволи турски трупи да учествуваат во меѓународните мировни сили за надзор на договорот за прекин на огнот во Газа-изјави израелскиот министер за надворешни Саар, додека се подготвува втората фаза од примирјето.
САД и Јапонија потпишаа договор за ретки минерали, најавувајќи „златно доба“ за сојузот меѓу двете земји. Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД.
Најмалку 19 луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер што ја погоди западна Турција во близина на градот Синдирги.
Според првичните информации, нема загинати, но урнати се три згради и продавница. Потресот бил почувствуван во Истанбул и во делови од Грција.