• Свет 30.06.2025 10:18

    Трамп: Нема продолжување на паузата за царините

    Претседателот Трамп вели дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји. Во интервју за „Фокс њуз“ објави дека неговата администрација ќе ги извести сите земји дека царините стапуваат на сила.

  • Свет 30.06.2025 09:34

    Наредена евакуација во северна Газа

    Израел нареди евакуација во северна Газа. Нападите низ целата територија продолжија. Претседателот на САД, Трамп повика на напредок во разговорите за прекин на огнот во 20-месечната војна во Газа и постигнување на договор меѓу Израел и Хамас.

  • Свет 30.06.2025 09:01

    Киев ги синхронизира санкциите со ЕУ за Москва

    Руската војска изврши масовен напад врз украинските воено-индустриски објекти, лансирајќи стотици дронови и десетици ракети. При одбивањето на овој напад, украински борбен авион Ф-16 беше соборен во воздух, при што загина пилотот.

  • Свет 29.06.2025 18:11

    Жестоки руски напади на Украина

    Жестоки руски напади на Украина. Соборен е авион Ф-16 додека одбивал голем напад со ракети и дронови, соопшти украинската војска. Кремљ напредува бавно, но постојано на источниот фронт.

  • Свет 29.06.2025 11:43

    Повредени и приведени во жестоките протести во Белград

    Во тензична атмосфера, со камења, петарди, шишиња и солзавец помина протестот во Србија под слоганот „Се гледаме на Видовден“. Властите приведоа демонстранти, има повредени.

  • Свет 29.06.2025 09:01

    Немири меѓу демонстрантите и полицијата на вчерашниот протест во Белград

    Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди. Министерот за внатрешни работи Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата.

  • Свет 28.06.2025 16:38

    Протест за Видовден во Белград

    За денеска во Србија се најавени два големи собира. Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград.

  • Свет 28.06.2025 12:23

    Иран ги оплакува загинатите во војната

    Илјадници ужалени Иранци излегоа на улиците во Техеран да им оддадат последна почит на шефот на Револуционерната гарда и други врвни команданти и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна со Израел.

  • Свет 27.06.2025 20:43

    Бугарија доби зелено светло од ЕУ, од 1 јануари 2026 го воведува еврото

    Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од први јануари 2026 година. Софија станува 21-ва членка на еврозоната.

  • Свет 27.06.2025 15:51

    Продолжува притисокот на Блискиот Исток

    САД се на дипломатски пат со Иран. Трамп сака мир, американските претставници се во комуникација со иранските лидери, велат од Белата Куќа. Изјавата следува откако врховниот лидер Хамнеи рече дека Иран и удрил шлаканица на Америка.

Pages