Велика Британија ќе продолжи „100 проценти да ја поддржува Украина“. Оваа изјава на премиерот Барнам следува откако Москва предупреди на „последици за Лондон“, по потврдата дека британски дронови биле користени во украински напади врз цели на руска територија.
-
Свет 18.08.2026 20:43
-
Свет 18.08.2026 20:18
Од утре во сила новите американски царини за Канада
Канада се подготвува за нови американски царини од до 50 насто, кои утре треба да стапат во сила, додека двете земји остануваат далеку од трговски договор.
Царините ќе погодат канадски производи вредни речиси 20 милијарди долари, меѓу кои вино, мебел, млечни производи, цемент и облека.
-
Свет 18.08.2026 19:44
Пропадна обидот на Вашингтон за мировен план во Газа
Пропадна обидот на Вашингтон да постигне пробив за прекин на огнот во Газа. Американскиот пратеник Кушнер, по разговорите со лидерот на Хамас во Египет, и средбата со израелскиот премиер Нетанјаху заврши без конкретен договор.
-
Свет 18.08.2026 14:54
Масовен украински напад врз Москва
Украински дронови ја погодија Москва и околината. Според Русија ова е еден од најмасовните напади во последните две години. Противвоздушна одбрана соопшти дека соборила над 190 беспилотни летала. Погоден и магацин на најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што избувнал пожар.
-
Свет 18.08.2026 14:36
Растат тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, ОН повикуваат на дијалог
САД ја отфрлаат можноста за продолжување на примирјето со Иран, по истекот на 60-дневниот рок предвиден со Меморандумот. Трамп порача дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје и дека Вашингтон не очекува договор под условите што ги бара.
-
Свет 18.08.2026 13:51
Филипини: Две жртви во пукотница во училиште
Најмалку две лица се убиени во пукотница во училиште во Замбоанга, на југот на Филипините. Според властите, средношколец убил соученик, а потоа се самоубил.
Полицијата потврди дека повеќе нема активна опасност.
-
Свет 18.08.2026 13:03
Москва и Киев продолжуваат со меѓусебните напади
Масовен напад со украински дронови ја погоди Москва и околината, при што руската противвоздушна одбрана соопшти дека соборила над 190 беспилотни летала. Киев, пак, јавува за смртоносни руски удари врз Запорожје и Харков, додека Молдавија го осуди новото нарушување на својот воздушен простор.
-
Свет 18.08.2026 11:31
Почина Ведрана Рудан, хрватска писателка и новинарка
На официјалниот профил на Рудан утрово беше објавена кратка порака: „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“. Набргу потоа беше променета и насловната фотографија на профилот, со натпис „No Signal“, додека коментарите под објавите беа оневозможени.
-
Свет 18.08.2026 11:09
Огнот и понатаму закана за Европа и регионот
Борбата со огнените стихии во Европа и регионот продолжува со сите напори. Обилниот дожд во текот на ноќта помогна да се стави под контрола големиот шумски пожар во Белгија кој се закануваше да премине кон Германија.
-
Свет 18.08.2026 08:49
САД и Иран без договор, опасност од ескалација
САД ја отфрлаат можноста за продолжување на примирјето со Иран по истекот на 60-дневниот рок за постигнување договор. Трамп порача дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје и дека Вашингтон не очекува договор под условите што ги бара.










