ФБИ уапси 35-годишна жена од Олбани, осомничена дека планирала бомбашки напад врз комплексот на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк, како и убиство на сенатори.
-
Свет 21.08.2026 08:24
-
Свет 21.08.2026 08:20
Вашингтон најави економска војна против Иран, тензиите на Блискиот Исток растат
Вашингтон најави економска војна против Иран, но не ја исклучува можноста за воен притисок, со цел да ја спречи обновата на иранската нуклеарна програма. САД најавија најстроги санкции досега, со цел економско слабеење и колапс на иранскиот режим.
-
Свет 21.08.2026 08:16
Зеленски бара дополнителни ракети „Патриот“ од партнерите
Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни ракети „Патриот“ по последните руски напади. Тој нагласи дека Украина е подготвена да плати за оружјето, но дека се потребни политички одлуки, пред сè од САД.
-
Свет 21.08.2026 08:12
Вучиќ најави парламентарни избори во Србија на 18 или 25 октомври
Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или 25 октомври, најави претседателот Вучиќ.
Точниот датум ќе биде утврден во наредните денови.
Вучиќ додаде дека коалициските партнери, меѓу кои и СПС, ќе можат да настапат со свои изборни листи.
-
Свет 20.08.2026 18:28
Над 100 жртви при уривање на импровизиран рудник во Централноафриканската Република
Над 100 луѓе загинаа при уривање на импровизиран рудник за злато во Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун.
-
Свет 20.08.2026 15:16
САД и Канада блиску до договор
САД и Канада се блиску до договор со кој би се избегнале нови американски царини за канадска стока вредна речиси 30 милијарди канадски долари.
Властите на Отава уверуваат дека во договорот ќе остане заштитен канадскиот систем за управување со снабдувањето.
-
Свет 20.08.2026 13:42
По разорниот земјотрес, Колумбија прогласи економска вонредна состојба
Колумбија прогласи економска вонредна состојба по разорниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени, кој ја погоди земјата на 10 август. Погодени се над 262 илјади луѓе, 314 лица загинаа, повеќе од 4.000 се повредени, а 262 сè уште се водат за исчезнати.
-
Свет 20.08.2026 12:11
Жестоки напади врз Киев, Украина возвраќа со удари врз руски цели
Нов бран руски смртоносни напади со дронови и балистички ракети врз Киев и регионот. Бројот на жртви расте, десетици се повредени, а илјадници домови останаа без струја. Романија пријави дека дрон се урнал на нејзина територија за време на рускиот напад, а Полска крена борбени авиони.
-
Свет 20.08.2026 08:21
Регионот и Европа во пламен - пожари беснеат од Балканот до Португалија и Шпанија
Регионот и натаму се бори со гаснењето на пожарите.
Властите во Србија прогласија вонредна состојба во Кладово, додека во земјата пристигнува дополнителна помош.
-
Свет 20.08.2026 08:19
Трамп му се заканува на Иран со нови санкции, Техеран разгледува напади врз американски цели во Европа
Вашингтон соопшти дека не брза да ги продолжи преговорите со Иран, но предупреди дека може да воведе нови санкции по нападите врз бродови во близина на Ормускиот теснец. Не ја исклучува ниту можноста за продолжена воена кампања доколку Техеран не соработува.










