Европа продолжува да гори. Пламените јазици голтаат шуми, домови и цели подрачја – од грчките острови и Балканот, до Западна Европа. Огнената стихија на грчкиот остров Саламина во близина до Атина, однесе две жртви и принуди стотици луѓе да заминат од своите домови.
-
Свет 17.08.2026 13:11
-
Свет 17.08.2026 08:37
Пожари беснеат од Грција до Белгија, сушата го влошува хаосот
Двајца загинати и неколку повредени во голем пожар на грчкиот остров Саламина.
Поради брзото ширење на огнот, евакуирани се над 500 луѓе. Пожари беснеат и на Халкидики. Ситуацијата во Хрватска се смирува, во Србија и натаму 40 активни жаришта.
-
Свет 17.08.2026 08:30
Мигранти протестираат во Сеута: бараат азил, Мадрид најавува дека нема да останат во Шпанија
Стотици мигранти кои неодамна нелегално влегоа во шпанската енклава Сеута протестираа на градската плажа, барајќи азил наместо враќање во Мароко.
-
Свет 17.08.2026 08:26
Размената на удари меѓу Русија и Украина продолжува
Москва пријави напади врз Киев, Кривој Рог и Запорожје, а Киев врз цели во Москва и регионите Ростов и Белгород.
Русија тврди дека соборила 822 дронови. Шпански Ф-18, во мисија на НАТО, собори дрон што влегол во романскиот воздушен простор.
-
Свет 17.08.2026 08:21
Зетот на Трамп го турка планот на Вашингтон за прекин на огнот во Газа, Тел Авив и Хамас на спротивни позиции
Зетот на американскиот претседател Трамп, Џаред Кушнер, на средба со израелскиот премиер Нетанјаху во обид да го придвижи американскиот план од 15 точки за прекин на огнот во Газа, отфрлен од Тел Авив.
Средбата следува по разговорите на Кушнер со Хамас во Египет.
-
Свет 16.08.2026 16:11
Пожарите на Балканот се смируваат, но опасноста сè уште трае
Состојбата со пожарот во Омиш, Хрватска полека се смирува. Во текот на ноќта властите велат дека немало нови жаришта. Истрагата утврди дека пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумска површина покрај патот во месноста Локва Рогозница.
-
Свет 16.08.2026 13:17
Потрагата по преживеани во Индонезија продолжува
Спасувачките екипи во Индонезија се во трка со времето во потрагата по преживеани од разорниот земјотрес од 7,7 Рихтери, во кој загинаа десетици лица. Прелиминарните извештаи покажаа дека повеќе од 900 домови и стотици други објекти се сериозно оштетени.
-
Свет 16.08.2026 11:13
Руските сили извршија напади врз Киев и други региони
Војната во Украина продолжува. Руските сили извршија напади врз Киев и други региони. Има жртви.
-
Свет 15.08.2026 19:30
Жестока реторика за судбината на Ормускиот теснец
Американскиот претседател објави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на САД. Техеран остро ги отфрли неговите тврдења и порача дека протокот ќе остане под иранска контрола, а Вашингтон треба да го признае поразот.
-
Свет 15.08.2026 18:41
Нов пожарен бран го зафати Јадранот
Нови жаришта на хрватското приморје по огнената стихија што го зафати Омиш. Четворица од тешко повредените се борат за живот. Едно лице загина, идентитет сè уште се утврдува. Пожарникарите цела ноќ се бореа со голем пожар кај местото Брбињ на островот Дуги Оток.










