Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.
Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.
Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.
Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.
Илјадници Грузијци повторно излегоа на улиците во Тбилиси откако парламентот го отфрли претседателското вето на законот за странски агенти. Претседателката Зурабишвили има пет дена да го поддржи Нацрт-законот, или во спротивно, собранискиот спикер ќе го потпише како Закон.
На украинскиот фронт гори.
Саудијците го обвинуваат Израел за „континуирани геноцидни масакри“ додека обидот за нормализација опаѓа. Алжир со Нацрт-предлог до Советот за безбедност на ООН за ставање крај на убиствата во Газа и безусловно ослободување на заложниците.
Доколку Украина употреби оружје испорачано од западните сојузници против цели во Русија нема да ги направи НАТО членките страни во конфликтот, став на генералниот секретар на Алијансата.
Доколку Украина употреби оружје испорачано од западните сојузници против цели во Русија, нема да ги направи НАТО членките страни во конфликтот, став на генералниот секретар на Алијансата.
Итна средба зад затворени врати на советот за безбедност на ООН по израелскиот напад во Рафах во кој загинаа десетици цивили. Нетанјаху призна дека дошло до трагична грешка и најави целосна истрага на случајот.
Северна Кореја неуспешно се обиде да испрати шпионски сателит во орбитата. Јужна Кореја објави видео за кое тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање на соседот. Потегот на Пјонгјанг доаѓа во време на состанокот на Јужна Кореја, Кина и Јапонија во Сеул.
Повеќе од 20 луѓе го загубија животот по серијата торнада што ги зафатија централните и јужните делови на САД. Тексас, Арканзас, Оклахома и Кентаки се соочуваат со сериозни последици од смртоносната бура. Властите прогласија вонредна состојба.
Киев најави уште еден воен договор со Белгија. Украинскиот претседател Зеленски по Мадрид, заминува за Брисел. Шпанија претходно вети оружје за Украина вредно една милијарда евра.